Од денеска во Италија: Нема вакцина, нема школо

Рим, 12 март 2019 (МИА) – Децата во Италија кои не можат да докажат дека се вакцинирани, од денеска нема да можат да посетуваат училишна настава, се додека не се вакцинираат, јави BBC.

Родителите на невакцинираните деца на возраст меѓу шест и 16 години, доколку сепак ги испратат децата во училиште, ќе треба да платат казна до 500 евра, бидејќи ним не може да им се забрани да одат на настава.  Децата под шест години ќе бидат вратени назад, односно нема да бидат примени во јасли или градинка.

Крајниот рок за потврда за вакцинација измина вчера, по едно одложување.

„Сега сите имаа време да ги завршат обврските. Правилата се јасни: Нема вакцина, нема школо“, изјави министерката за здравство Џулија Гриљо.

Новиот закон е донесен поради бранот нови случаи на сипаници, кои како и во други земји, се вратија поради се пониската имунизација меѓу населението. Стапката на имунизација во Италија падна под 80 отсто, додека Светската здравствена организација смета дека е неопходна стапка од 95 отсто за да се спречи ширењето на заразата. Всушност, тоа е стапката кога т.н. „имунитет на стадо“ се активира, што значи дека е вакциниран доволен дел од популацијата за да се оневозможи ширење на заразата меѓу оние кои не можат да бидат вакцинирани: прерано родени бебиња и болни со компромитиран имунитет.

Според т.н. Лоренцинов закон, наречен според поранешниот министер за здравство кој го воведе, децата мора задолжително да се вакцинираат пред училиште, а меѓу вакцините се и оние против големи и мали сипаници, детска парализа, заушки и рубеола.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот, рече Пендаровски во Виница

Читај повеќе

Tesla отпушта 300 работници во фабриката кај Берлин

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време, температури до 18°C

Читај повеќе