Од другата страна на протестите: Моќни фотографии што мејнстрим медиумите не ги објавуваат
Ширум САД еруптираа насилни масовни протести по неправедното убиство на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој почина како резултат на прекумерна сила употребена од полицаец при апсење, иако не бил вооружен.
Додека уште се неодговорени прашањата што ќе се случи со полицајците вмешани во инцидентот и која ќе биде разврската од овие протести, медиумите се преплавени со фотографии и видеа од настаните.
Но, она што мејнстрим медиумите многу често не го покажуваат е дека заедницата како никогаш досега е цврсто обединета против неправдата, ги чисти улиците по протестите, им помага на полицајците кога се одвоени од кордонот, им оддава почит кога и тие покажуваат почит, ги штитат продавниците од пљачкање, ги чистат ѕидовите од графити...