Фудбал

Од головите на Холанд ќар има и норвешкиот пензиски фонд

28. јануари 2020 - 13:26 | Ф.З.

Веќе постигна пет голови за Борусија, а тријат раце во пензинскиот фонд на неговата родна Норвешка и тоа бидејќи токму тие се едни од акционерите во клубот.

Голгетерското чудо Ерлинг Браут Холанд уште во дебито за Борусија постигна хет-трик против Аугсбург, а викендов продолжи со два гола против Келн. И на двата натпревара влегуваше од клупата како замена, па така за вкупно 56 минути поминати на зелениот терен има постигнато 5 голови.

Цела Норвешка со гордост навива за Холанд, но најголем ќар од неговите голови има норвешкиот пензиски фонд (Statens pensjonsfond). Тој важи за еден од најбогатите на светот, со капитал од над 800 билиони евра, а добар дел од приходот го остварува преку тргување на берзата. Во 2018 година за 7 милиони евра норвешкиот пензиски фонд купил 1,04 % од акциите во клубот во Дортмунд чија вредност сега расте благодарение на секој гол на Холанд. Само со трансферот на Холанд од Салцбург во Борусија норвешкиот пензиски фонд ќарил 260 илјади евра.

Како што пишува Bild, ако Холанд постигнува голови и ако Борусија победува, ќе расте и вредноста на клупските акции и норвешките пензионери ќе имаат на располагање поголем капитал.

Коментирај