Од идната година во функција машината за конвертирање пластична амбалажа и лименки

Во октомври годинава треба да биде готов прототипот, а во јули 2021 и финалната верзија на вендинг машината за конвертирање пластична амбалажа и лименки што ја изработува „Пакомак“ во соработка со Електротехничкиот факултет - Скопје и финансиската поддршка од Фондот за иновации.

Машината ќе има повеќекратен бенефит, но клучна придобивка ќе биде заштитата на животната средина. За секое собрано шише или лименка, доколку ги стават во машината, граѓаните ќе добијат „зелени поени“ кои потоа може да ги користат за плаќање услуги (купување билети за јавен превоз, театар, Филхармонија) или во маркети.

– До половина сме со развојот на машината која ќе придонесе многу за собирање чиста пластична амбалажа и лименки. Всушност, секој граѓанин ќе може да пушти шишиња и лименки во машината, а потоа, преку апликација на мобилен телефон да наполни поени кои ќе може да ги користи за плаќање услуги, јавен превоз, театар, филхармонија, супермаркет или ќе му се намали сметката за комунален отпад, соопштија од „Пакомак“, компанијата што денеска ја посетија вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

Според менаџментот на „Пакомак“, ќе постојат многу начини за искористување на поените од собраната амбалажа, но за почеток ќе се оди со две опции, а потоа на граѓаните ќе им бидат понудени околу 20.

– Оваа машина ќе биде модерно, современо решение, конкурентно на пазарот, кое ќе го понудиме во соседните земји со што ќе придонесеме во извозот на домашна технологија, истакнаа од „Пакомак“.

Според вицепремиерката Царовска и директорот Деспотовски, ова е уште еден доказ дека владините политики за поддршка на реалниот сектор се иправни и даваат резултат.

– Покажавме дека вложуваме во реалниот сектор. Не само што ја развиваме економијата, туку со ваков тип на иновации добиваме и повисоко платени работни места, истакна Царовска, додавајќи дека рециклирањето кое важи за еден од европските стандарди може да стане наше секојдневие.

Царовска повтори дека ФИТР води грижа и за родовиот баланс бидејќи 33 отсто од компаниите подржани преку Фондот се основани или раководени од жени иако овој процент, секако, треба да се зголеми.

Деспотовски предочи дека „Пакомак“ е една од 430 домашни компании кои искористија средства од ФИТР во изминативе три години. За 70 пати, рече директорот, е зголемен обемот на финансирање во изминатите три години, а тоа покажува дека економијата има потреба од поддршка, но и дека Владата со навремени и добро подготвени мерки излегува во пресрет.

– Обемот на финансирање за сите овие 430 компании е над 72 милиони евра во кои државата учествува со 55 отсто. Останатите 30 милиони евра се обезбедени од компаниите. Согласно анализите, заклучно со 2019 година  скоро 80 отсто од овие компании веќе работат со добивка, бројот на работни места се зголемува за 10 отсто, а просечната плата расте за 11 отсто и изнесува 40.000 денари во просек. Тоа покажува дека економските политики преку програмите на ФИТР даваат резултат, потенцира Деспотовски.

Remote video URL
Тагови
реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Макрон и Идалго ќе пливаат во Сена за да го докажат добриот квалитет на водата за Олимпијадата

Читај повеќе

Кореец уби 76 мачки, почнал да ги мрази оти му го изгребале автомобилот

Читај повеќе

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе