Од „Indiana Jones“ до „The Godfather“: Најдобрите 20 трилогии

Поединечни филмови се толку добро снимени, што обожавателите почнуваат да се плашат кога ќе слушнат дека се подготвува нивно продолжение, односно втор, па и трет дел од филмот. Често се случува продолжението да не биде ниту приближно добро како првиот дел од филмот.

Меѓутоа, има и такви продолженија кои се многу подобри од првиот дел, што во изминативе години се случуваше и во пракса.

Во Америка, како што пренесува „Independent“, спроведено е истражување токму за трилогиите, а резултатите се доста интересни.

На прво место се најдоа филмовите за „Indiana Jones“, на второ „Jurassic World: Fallen Kingdom“, а на третото место „Godfather“.

А доказ дека некогаш оригиналот е едноставно непобедлив е првобитната трилогија „Star Wars“ (Star Wars Episodes IV, V, VI), која доби двојно поголем број на гласови во споредба со следната трилогија „Star Wars“, која е снимена неколку години подоцна.

Што се однесува за најдобрите поединечни филмови во трилогиите, љубителите на американскиот филм открија дека многу го ценат првиот дел од „Jurassic Park“, кој го освои првото место со 38 отсто од гласовите.

Веднаш зад него, се најде и првиот дел од филмот „Back to the future“, кој освои 37 отсто од гласовите, како и „The Godfather“, со 34 отсто од гласовите.

Фановите не се воздржуваа ниту да ги оценат најлошите поединечни филмови во трилогиите, а според мислењето на 20 отсто од нив, убедливо најлош е „Man in black 3“. Веднаш зад овој филм на оваа неславна листа се најдоа и филмовите „Alien 3“ и „Back to the future 3“.

Интересно е тоа што иако публиката знае дека постои можност продолжението на некоја франшиза да биде големо разочарување, дури 67 отсто од испитаниците, рекле дека кога ќе слушнат дека некој филм ќе добие продолжение, едноставно и се радуваат на таа информација.

Ова е списокот од 20 најдобрите трилогии:

1.„Indiana Jones“

2. „Jurassic Park“

3. „The Godfather“

4. „Back to the Future“

5. „The Lord of the Rings“

6. „Die Hard“

7. „Pirates of the Caribbean“

8. „Star Wars“

9. „The Terminator“

10. „Toy Story“

11. „Home Alone“

12. „The Bourne“

13. „Iron Man“

14. „X-Man“

15. „The Matrix“

16. „The Hobbit“

17. „Alien“

18. „Batman“ (Christopher Nolan’s Batman Trilogy)

19. „Captain America“

20. „Mad Max“

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Филм & ТВ

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Read more

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Read more

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more
 

Сцена

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе

Зошто Кевин Костнер одби да му даде улога на Крис Хемсворт во својот филм?

Читај повеќе

Хенри Кавил ќе стане татко – чекаат бебе со девојката Натали

Читај повеќе
  • play_arrow

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Читај повеќе
  • play_arrow

Пластичен хирург откри какви зафати направила Анџелина Џоли

Читај повеќе

Реквизитерката на Rust осудена на 18 месеци затвор за смртта на снимателката

Читај повеќе