Од јануари граѓаните можат да отворат денарска сметка за основни функции

Со новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила од јануари, граѓаните ќе можат да отворат денарска платежна сметка со основни функции која слично како и другите сметки ќе може да ја користат за плаќање комунални и разни други услуги, за купување во продавници или преку интернет, како и да внесуваат и повлекуваат готовина.

Разликата со платежните сметки кои сега се користат е во тоа што преку сметките со основни функции ќе може да се вршат плаќања само до висината на сопствените средства, односно нема да биде дозволено навлегување во т.н. минусно салдо. Токму заради тоа, надоместоците што за ваквата сметка со основни функции ќе им се наплатуваат на граѓаните ќе бидат пониски, а за граѓаните кои се корисници на социјални трансфери нема да се наплатува ваков надоместок.

Вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервјуто дадено за МИА истакнува дека клучната разлика во однос на постојните платежни сметки е во ограничувањето на платежната сметка со основни функции да се користи за плаќања само до висината на сопствените средства и во лимитирањето на надоместоците коишто ќе ги плаќаат граѓаните за користење на платежните услуги преку оваа сметка.

– Токму заради ваквото ограничување, банката или штедилницата за услугите со платежната сметка со основни функции може да пресмета и да наплати вкупен месечен надоместок само до разумна висина, којшто не смее да биде повисок од 0,1% од подвижниот просек на просечната месечна исплатена нето-плата во земјата за претходните 12 месеци. Во согласност со објавите од страна на Државниот завод за статистика, вака пресметаниот месечен надоместок тековно би изнесувал околу 31 денар. Овој надоместок вклучува месечно одржување на сметката, неограничен број платежни трансакции за внесување или повлекување готови пари непосредно на шалтерите во работните простории на давателот, или преку неговата мрежа на банкомати, неограничен број платежни трансакции со дебитни картички и извршување минимум 5 платежни трансакции со кредитен трансфер, вклучувајќи и траен налог, или со директно задолжување со кои се пренесуваат парични средства на други платежни сметки на клиенти на истиот давател на платежни услуги, појаснува вицегувернерката за МИА.

Граѓаните кои сакаат да користат платежна сметка со основни функции ќе треба да ги затворат другите денарски платежни сметки што ги имаат во банката, но ќе може да користат кредитна картичка и да имаат неограничен број платежни сметки во странска валута.

- Доколку граѓаните сакаат да отворат платежна сметка со основни функции кај банка или штедилница кај која тековно немаат платежна (трансакциска) сметка, тогаш ќе треба да ги затворат сите платежни (трансакциски) сметки во денари кај другите банки и штедилници коишто ги отвориле во минатото. Од друга страна, кај истата банка или штедилница граѓаните ќе може да користат кредитна картичка за што ќе мора да склучат одделен договор, како и да имаат неограничен број платежни сметки во странска валута, вели Нацевска за МИА.

реклама

Како Американците го „украдоа“ најнапредниот советски хеликоптер?

Read more

Што значи кога ви игра окото и дали може да биде сериозно предупредување?

Read more

Кои 19 Samsung телефони нема да го добијат ажурирањето на Android 14?

Read more

Шест причини зошто леблебијата е една од најздравите намирници

Read more

Македонија

Променливо облачно со умерен ветер

Read more

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Read more

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Read more

МВР: Спречено организирано бегство од Идризово, откриен 40-метарски тунел

Read more
 

Вести

Францускиот парламент со големо мнозинство гласаше за нов нуклеарен план

Читај повеќе

Институт за војна: Путин не го доби она што го сакаше од кинескиот колега

Читај повеќе

Американскиот долар ослабе во однос на еврото

Читај повеќе

Потврдено: Папата Бенедикт бил под истрага како соучесник во сексуална злоупотреба

Читај повеќе

Променливо облачно со умерен ветер

Читај повеќе

Груби: Работиме на тоа цело ВМРО-ДПМНЕ да гласа за уставни измени

Читај повеќе

Ќе се основа национална установа Оркестар за џез музика во Скопје

Читај повеќе

Најубавата плажа на Закинтос годинава ќе биде затворена за туризам

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Обврска на сите е да го продолжиме патот на државата кон ЕУ

Читај повеќе