Од хероински зависник до милионер: Човекот кој се збогати од здрави пијалаци

Пред 13 години Калил Рафати бил бездомник, зависник од хероин, а потоа и затвореник. Денес е милионер и основач на SunLife Organics, бизнис што го има раширено на шест различни локации во Лос Анџелес, пишува Daily Mail.

Пред повеќе од една деценија Рафати имал едвај педесетина килограми и кожа покриена со чиреви. Сега е сопственик на продавници за здрави сокови. За само 5 години успеал да создаде бизнис империја за здрави пијалаци, за кои вели дека му го спасиле животот. Негови клиенти се дел од славните личности како Дејвид Духовни и фронтменот на Ред Хот Чили Пеперс, Ентони Киедис.

 

Trying to look cool

A photo posted by khalilrafati (@khalilrafati) on

Во Лос Анџелес пристигнал од Охајо каде израснал, но бил сексуално злоставуван. Избегал од Охајо и започнал успешен бизнис со спортски автомобили, но наскоро почнал со марихуана, екстази и кетамин, а потоа пробал и хероин. Набргу станал зависник, а во 2001 година докторите му го спасиле животот откако се предозирал. Во 2003 година завршил во затвор, каде вели дека го допрел дното, а сето тоа е документирано во книгата „I Forgot to Die“.

 

This is next level ❤ @kendallgourlay !

A photo posted by khalilrafati (@khalilrafati) on

Тогаш решил да го промени животот и да се посвети на здравиот стил на живеење. Со здравата исхрана, соковите и напивките се запознал преку еден пријател, а со 50.000 долари, пари што му ги дал професионален коцкар, започнал бизнис. Денес е успешен и вработува луѓе на кои им е потребна истата помош, луѓе кои биле како него пред 13 години.

 

A photo posted by khalilrafati (@khalilrafati) on

реклама

Најголемиот должник во државава нема имот за наплата и не може да му се наплатат 14,87 милиони евра

Read more

Дали 50.000 „камикази“ доаѓаат на украинскиот фронт?

Read more

Девет земји го одложуваат EES системот: Новите проверки сè уште имаат многу недостатоци

Read more

Почна крајот на Обединетото Кралство: Шкотска, Велс и Северна Ирска потпишаа меморандум што води кон распад

Read more

Живот

Зошто децата секогаш сакаат да им ја читате истата приказна?

Read more

Патување во есен: Каде ќе ве пречека топло море дури и во октомври?

Read more

Голем неделен хороскоп од 14 до 20 септември

Read more

Дали утрово едвај станавте од кревет?

Read more

Магазин

Зошто децата секогаш сакаат да им ја читате истата приказна?

Читај повеќе

Колку долго алкохолот останува во вашето тело?

Читај повеќе

Патување во есен: Каде ќе ве пречека топло море дури и во октомври?

Читај повеќе

Предупредувачки знаци дека работата влијае негативно врз вашето здравје

Читај повеќе

Како да се справите со наглата промена на температурите и притисокот?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 14 до 20 септември

Читај повеќе

Дали утрово едвај станавте од кревет?

Читај повеќе

Автопат Зелено Пазарче

Читај повеќе

Зошто треба да се напиете чаша вода пред утринското кафе?

Читај повеќе