Љубов и секс

Од кога постои љубовта кај луѓето?

4. декември 2017 - 15:22 | А.С.

Дали некогаш сте се прашале од кога датираат зачетоците на човечката љубов и зошто ни е толку важна љубовта во животот? Зборуваме за романтична љубов.

Повеќето луѓе ќе се сложат дека љубовта е најголемата вредност во животот, но кога и зошто станала преовладувачка потреба на човечката раса?

На ова прашање одговорија научниците од Универзитетот во Вроцлав, предводени од доктор Пјотр Сороковски.

Претходни истражувања барале постоење на генетска или невролошка основа за љубовта, но ова се фокусираше на врската меѓу љубовта и репродуктивната улога на човекот уште во дамнешни времиња, и открила дела љубовта играла важна улога во човековата еволуција.

Научниците го проучувале племето Хаџа во Танзанија чиј начин на живот се нема сменето со илјадници години и може да даде увид во значењето на љубовта кај нашите праисториски предци. Припадниците на племето Хаџа не користат контрацепција и љубовта ја мерат по бројот на деца. Колку повеќе деца, толку е посилна љубовта меѓу партнерите.

Научниците ја зеле предвид Триаголната теорија за љубовта на Стернберг во која љубовта се состои од интимнот, страст и посветенот.

„Сите три компоненти на љубовта во теоријата на Стернберг се важни во контекст на човечката репродукција. Нашето истражување дава нова перспектива на улогата на љубовта во еволуцијата на човековата раса, особено во традиционалните заедници на ловци-собирачи во кои поединци, а не нивните родители, биле одговорни за изборот на партнер со кој ќе се формира семејство“, тврдат авторите на истражувањето објавено во научното списание „Frontiers in Psychology“.

Новото истражување покажа дека љубовта е поврзана со репродуктивниот успех на човекот уште од дамнешни времиња и дека тоа во таква мера што станала еволуциски фактор.

„Би можело да се рече дека страста и посветеноста се клучни фактори што ги зголемуваат шансите за опстанок на видот, па од таа причина љубовта била еден од еволуциските фактори“, објаснуваат научниците. Секако, концептот за љубовта еволуирал и денес е сосема независен во однос на репродуктивниот успех на двојката.

Научниците заклучуваат дека луѓето уште во самите почетоци на човечкиот род се заљубувале и сакале за да имаат повеќе деца, да го продолжат родот и да го спречат чедоубиството кон кое биле склони мажите.

Коментирај