Од „корона-фри“ Црна Гора стана земја со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот

Откако црногорскиот Институт за јавно здравје вчера ги внесе резултатите од 2.000 тестови во системот, кои претходно беа испратени во Германија за анализа поради малиот капацитет на лабораториите во земјата, Црна Гора од „корона-фри“ стана државата со најмногу активни случаи на коронавирус во регионот, пренесува Хина.

Тие резултати покажаа дека 475 од 2.000 анализирани тестови  во Германија биле позитивни на коронавирус, а кога биле додадени 66 позитивни случаи потврдени во црногорските лаборатории, добиени се вкупно 1.453 активни случаи или 231 активен случај на 100.000 население.

Црногорските медиуми објавија дека во Република Северна Македонија има 167 случаи на 100.000 жители, 109 во БиХ, 66 во Србија, 52 во Албанија, 28 во Хрватска и 13 на 100.000 во Словенија.

Шефот на црногорското Национално координативно тело за инфективни болести, Милутин Симовиќ, изјави дека нема да се преземаат драстични мерки, како што беа оние од првиот бран, кога граѓаните остануваа во своите домови, а полицискиот час беше во сила по 19 часот.

-Сега излегуваме за да работиме, затоа што и со економијата се брани јавното здравство, рече Симовиќ, додавајќи дека ова е сега друг начин на живот со епидемија, при кој „излегуваме од домовите, одиме на работа, но сепак толку многу треба да се редуцира, треба да се дистанцираме, да бидеме поодговорни и дисциплинирани “.

Инаку, по анализата на епидемиолошката ситуација, синоќа е констатирано дека значителен дел од новозаболените се во главниот град на Црна Гора, каде живеат 200 илјади луѓе, или третина од вкупното население во земјата. Во Подгорица во моментов има 553 активни случаи на коронавирус.

Во првиот бран од епидемијата на коронавирус во Црна Гора, беа заразени 324 лица, или речиси пет пати помалку отколку во вториот бран, кој започна во средината на јуни. Претходно, Црна Гора се прогласи за прва „корона-фри“ држава во Европа, прогласи крајот на епидемијата и ги отвори своите граници.

Вкупниот број на смртни случаи е 26, од кои во првиот бран починаа девет лица, а во вториот 16.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Регион

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Read more

Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка

Read more

Грциja парализирана од штрајкови

Read more

Вучиќ: За три до четири месеци ќе биде најлошата ситуација од 1945 година

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе