Свет

Од корона вирусот починаа 2.619 лица, заразени повеќе од 79.000

24. февруари 2020 - 7:56 | МИА

Од новиот корона вирус, според последните податоци, досега починаа 2.619 лица, а заразени се повеќе од 79.000.

Надвор од границите на Кина потврдени се 27 смртни случаи, од кои најмногу – 8 во Иран и 7 во Јужна Кореја, пренесува CNN.

Најмногу заразени на дневно ниво има во кинеската провинција Хубеи, од каде што почна да се шири вирусот.

Досега се излекувани 24.000 лица.

Надвор од границите на Азија, најмногу заболени има во Италија и тоа 152, каде што се регистрирани и три смртни случаи.

Поради вирусот, наречен Covid-19, во Јужна Кореја е одложен почетокот на учебната година, а до крајот на март прекинати се авио-линиите од и кон градот Тегу, каде што е забележан најголем број случаи на заразени.

Коментирај