Од коронавирусот во светот починаа 3.000 здравствени работници

Б.С.Б.
/ 14.07.2020 / 21:08

Организацијата за човечки права Amnesty International соопшти дека 3.000 здравствени работници починале од последици на COVID-19 низ светот, предупредувајќи на лошите услови за работа во кои работат, ниската плата, долгото работно време и насилството кое го трпат.

Во извештајот на организацијата е наведено дека во Русија починале најголем број од здравствените работници, вкупно 545. Малку помала е бројката во Велика Британија, вкупно 540. Потоа следат САД со 507 починати здравствени работници.

„Пандемијата со COVID-19 се влошува во целиот свет. Апелираме властите сериозно да ги сфатат сите здравствени и други есенцијални работници. Многу е вознемирувачки да видите како властите ги казнуваат работниците кои се незадоволни од условите за работа и на кои им е загрозен животот“, изјави Санита Амбаст од Amnesty International.

Во Бразил починаа 351 здравствен работник, а во Мексико и во други латиноамерикански земји 248.

На социјалните мрежи често може да се видат апели на доктори и медицински сестри кои укажуваат во какви услови работат. Властите се на удар на критики бидејќи не обезбедиле доволно заштитна опрема.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе