Од Лисабон со воз преку Скопје и Гевгелија до Париз

Европската комисија ќе ја слави годината на железницата возејќи низ шините на 26 европски држави за 36 дена, а ќе помине и кај нас.

Вкупно 20.000 километри ќе мине возот наречен Connecting Europe Express кој ќе патува низ Стариот континент оваа есен откако ЕУ ја прогласи 2021 година за година на железницата.

Почетната станица е португалската престолнина Лисабон и тоа на 2 септември, а крајната дестинација е Париз каде возот треба да пристигне на 7 октомври. Ќе мине низ 26 држави застанувајќи на 70 места, а сето тоа за 36 дена.

Connecting Europe Express ќе пристигне и во Скопје и тоа на 14 септември од Ниш, потоа ќе продолжи јужно до Солун, но по пат ќе застане во Гевгелија истиот ден.

„Патувајќи низ континентот, од Лисабон до Букурешт и од Берлин до Париз, Connecting Europe Express ќе оди по рутите кои нѐ поврзуваат сите нас - било како држави, бизниси или луѓе. Додека претставува симбол на поврзаноста, овој воз истовремено служи како потсетник дека пред нас е долг пат и многу работа да се заврши за железницата да стане превозно средство по избор за Европјаните“, вели Адина Валеан од ЕК.

Целосната рута со сите попатни станици низ детален преглед:

Иако целта на возот е да ја покаже обединетоста на Европа, сепак не сите земји ќе бидат посетени. Така, возот ќе ги прескокне Црна Гора, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Лихтенштајн, Сан Марино, Монако, Финска, Норвешка, Ирска, Обединетото Кралство, како и оние од истокот Белорусија, Украина, Русија и Молдавија, потоа Турција, Грузија, Ерменија и Азербејџан, и нормално островските Кипар, Малта и Исланд.

Тагови
реклама

Македонија

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Read more

Одрони на неколку патни правци

Read more

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Read more

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Read more
 

Вести

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Читај повеќе

Извештај за човекови права во Македонија на Стејт департментот: Недоверба кон судството, насилства кон ЛГБТ заедницата и поткопана слобода на изразување

Читај повеќе

Одрони на неколку патни правци

Читај повеќе

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Читај повеќе

Уапсен ученик во основно училиште во Влае: Кршел инвентар, физички нападнал соученици и двајца наставници

Читај повеќе

Москва: Западот им го прави на Украинците она што им беше направено на домородните Американци

Читај повеќе

Мотоциклист удрил во пешак на Партизанска, двајцата повредени

Читај повеќе

ССМ повика на првомајски протест со барања до новата влада

Читај повеќе

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Читај повеќе