Од машки агол: Правила за незаборавен орален секс

Оралниот секс е прекрасна работа и за давање и за примање. И за двајцата партнери.

Како и сите други интимни чинови меѓу партнерите, треба да се заснова на меѓусебна доверба и да се препуштите на задоволствата.

Во потрага по најдобрите совети за подобар сексуален живот кои можеме да ги споделиме со вас, наидовме на овој одличен текст на Ана Бреслоу за Glamour. Ана решила да направи мало истражување меѓу нејзините пријатели и да ги сумира нивните одговори за тоа што сакаат од оралниот секс, што очекуваат и што им пречи.

Од сите одговори, таа ги состави овие „златни правила“ за незаборавен орален секс во кој ќе уживаат и мажите и нивните партнерки. Секако, да не заборавиме дека секој пар и секоја личност е посебна приказна и никој не би требало да прави нешто што не сака или што не му е пријатно или удобно. За да биде уживањето заемно, разговарајте за тоа што е „дозволено“ и „забрането“ и за двајцата.

Ова се „правилата“ од машки агол:

Погледи

Одвреме-навреме погледнете во партнерот додека орално го задоволувате. Многу е секси. Ама навистина повремено, не зјапајте. Ако воопшто не ги отворате очите или не погледнувате во насока на неговото лице може да делувате ладно и дистанцирано, а интимноста е многу важна.

Длабоко грло

Да, повеќето мажи би сакале партнерката да може да изведе орален секс „до крај“, но ако не можете, не форсирајте. Одете онолку длабоко колку што вашата физиономија и вештини ви дозволуваат и најважно од сѐ – уживајте!

Звуци

Апсолутната тишина при орален секс не само што е невозможна, исто така е непосакувана. Звуци на „шлапкање“, длабоко земање воздух, па и по некоја воздишка и стенкање се повеќе од добредојдени, сѐ додека тоа ви доаѓа природно.

Слобода

Не се плашете ако ситуацијата стане премногу лизгава (и лигава). Оралниот секс не мора да биде уреден, треба да биде уживање онака како што на вас двајцата ви е удобно.

Без занемарување

Повеќето „испитаници“ биле децидни дека во оралниот секс не спаѓа само игра со пенисот, туку и со тестисите. Исто така, не се плашете да ги испитате сите делови и површини на пенисот со врвот на јазикот.

Заедничка акција

Додека уживаат во оралниот секс, многу мажи сакаат да ја допираат партнерката. Тоа не го прават за да ви ја срушат концентрацијата, туку за да се чувствуваат поблиски до вас и да учествуваат во „акцијата“.

Неколку бонус совети

Оралниот секс може да ги зацврсти блискоста и интимноста меѓу партнерите, но ако едниот од партнерите не ужива во тоа, секој обид за наметнување на овој вид на интимност може да се доживее како притисок и да ја загрози врската.

Разговорот во ваков случај може да помогне. Ако сте загрижени за хигиената, мирисот, вкусот или што било друго во врска со оралниот секс, отворениот разговор е најдобро решение. Исто така, ако не сте сигурни што треба да правите, разговарајте, опуштете се и едноставно, пробајте.

Ако оралниот секс дефинитивно не ве привлекува, никому ништо, ако партнерот навистина ве сака и сака да биде со вас, тоа не би требало да претставува проблем. Најважно е, за ова, како и за сите други теми што ве засегаат во врската, отворено да разговарате.

Оралниот секс е чест избор за интимен однос кај тинејџерите, сметајќи дека на тој начин се заштитени од непланирана безбедност и тоа не го сметаат за „вистински секс“.

Не заборавајте дека оралниот секс не значи гарантирано безбеден секс. Иако ја нема опасноста од непланирана бременост, сепак постои висок ризик од заболување со сексуално преносливи болести, покрај ХПВ, како сифилис, гонореја, хепатит и други. Ако сте дијагностицирани со некоја од овие болести треба да го известите вашиот партнер пред да се впуштите во какви било сексуални односи, во врска или не.

Исто така, информирајте се за симптомите за сексуално преносливите болести и ако имате каков било сомнеж, подобро немојте да почнувате сексуална врска со таа личност.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Read more
 

Магазин

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Читај повеќе
  • play_arrow

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Читај повеќе