Од „The Matrix“ до „Fight Club“: Дали 1999 е најдобрата година во филмската историја?

Со почетокот на 2019 година се навршуваат 20 години откако филмскиот свет се промени засекогаш. Со крајот на 20-от век филмските работници, студијата и актерите беа подготвени за ризици и експериментираа со медиумот како никогаш претходно. А тоа ни ги донесе едни од најдобрите филмови во историјата.

Филмови како „The Matrix“, „Toy Story“ и „Being John Malkovich“ засекогаш ја променија филмската индустрија. Други пак, како „Galaxy Quest“ и „Blair Witch Project“ останаа запаметени како едни од најдобрите во своите жанрови. Сите тие филмови, како и многу останати, излегоа во 1999 – можеби најдобрата година во филмската историја.

Годината започна бавно, со филмот на легендарниот режисер Сидни Лумет наречен „Gloria“, кој се појави во јануари и ги разочара скоро сите кои го гледаа. На крајот на јануари беше и премиерата на „She’s All That“ – филм кој можеби нема голема уметничка вредност, но сведочи за едно симпатично време во кое Фреди Принц Џуниор беше главната „фаца“ во романтичните комедии во Холивуд.

Веќе од наредниот месец во киносалите почнаа да се појавуваат филмовите кои ја направија 1999 година за паметење. Најпрво „Office Space“ ја донесе канцелариската комедија во филмскиот свет, за потоа „Lock, Stock and Two Smoking Barrels“ да го претстават Гај Ричи на холивудската елита. Во истиот месец се појавија и трилерот „Cruel Intentions“, мистеријата „True Crime“ во режија на Клинт Иствуд, комедијата „10 Things I Hate About You“, за на крајот од месецот целиот филмски свет да биде воодушевен од научно-фантастичната акција „The Matrix“, која ги помести границите на филмското платно на нови, дотогаш непознати далечини.

Нешто подоцна во годината следуваше толку долго очекуваното продолжение на „Star Wars“, кое не го помина тестот на времето, но заработи огромни суми на боксофисот. Истиот месец (мај) во кината се појавија два анимирани филмови, наменети за многу различна публика. Првиот, „Tarzan“, беше одлично прифатен (иако подоцна беше засенет од еден легендарен анимиран филм) и беше вистински хит. Вториот, наречен „South Park: Bigger, Longer and Uncut“, направи место за цел еден нов жанр на анимирани филмови за возрасна публика, кој дотогаш беше осудуван и сметан за непотребен во филмската индустрија.

Во истата година се појавија и последниот филм на Стенли Кјубрик („Eyes Wide Shut“), првиот и најдобар филм на М. Најт Шамалајан („Sixth Sense“), првиот дел на франшизата „American Pie“ и апсурдната комедија „Being John Malkovich“. Годината беше заокружена со филмови како „Magnolia“, „Dogma“, „Boondock Saints“ и „The Iron Giant“ – секој од нив со посебен печат на индустријата. Самиот крај на годината го донесе и еден од најдобрите филмови на декадата, „Green Mile“, кој и ден денес се прикажува на скоро сите важни филмски канали на телевизија.

Погледнувајќи ја листата со филмови кои ја одбележаа годината, може да заклучиме дека таа е импресивна во однос на квантитет, но и во однос на квалитет. Доколку не можеме со сигурност да ја прогласиме за најдобра филмска година во историјата, секако можеме да кажеме дека е најважна година за модерниот филм.

Она што го постигнаа филмови како „The Matrix“, „South Park: Bigger, Longer and Uncut“ и „Fight Club“ беше тешко достижно за сите филмови кои доаѓаа по нив. Глобалниот филмски феномен скоро да беше одбележан со Кијану Ривс во улогата на Нео и култната црвена кожена јакна на Бред Пит, која ја носеше додека го глумеше Тајлер Дурден. И покрај сите останати значајни години во филмската историја, 1999 останува запаметена како клучна за индустријата, па и за начинот на кој се доживуваат филмовите и ден денес.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Read more
 

Сцена

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Џон Траволта го импресионирал Тарантино за да му ја даде главната улога во Pulp Fiction?

Читај повеќе