Од Mercedes ѝ се извинија на Кина поради цитат на Далај лама

Германскиот производител ги налути Кинезите откако употреби цитат на Далај лама, кои го сметаат за опасен сепаратист.

Извинувањето на Mercedes следеуваше после низата на негативни реакции од Кина на цитатот зборови од Далај лама во рекламата за новата Mercedes E Класа Coupe за 2018 година, која беше објавена на социјалните мрежи.

Имено, германската автомобилска компанија на својот меѓународен Instagram профил објави фотографија од својот нов модел со зборовите на тибетскиот духовен лидер: „Погледнете ја ситуацијата од сите агли и ќе станете поотворени“.

Иако кинеските власти ја блокираа оваа социјална мрежа во земјата, многу Кинези користат системи кои им овозможуваат да заобиколат такви и слични забрани, па бурно реагираа на објавата на Mercedes, кој најпрво ја повлече контроверзната фотографија, а потоа упати и јавно извинување.

Овој произведувач извинувањето го објави на својата официјална страница на кинеската социјална мрежа Weibo, соопштувајќи дека се свесни за цитатот на Далај Лама кој ги „повредил чувствата на кинескиот народ“.

„Ќе преземеме чекори за да ги разбудиме нашите разбирања кон кинеската култура и вредност, и за да ги стандардизираме нашите идни акции и да обезбедиме таков пропуст никогаш повеќе да не се повтори“, стои во официјалното соопштение на Mercedes.

Брзата реакција на Mercedes и јавното извинување не е некое изненадување, бидејќи произведувачот не сака да ја доведува во опасност својата репутација во Кина, која во последните неколку години стана најголем пазар за извоз на многу светски автомобилски компании.

 

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Авто новости

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Read more

Дизелот е мртов за Volvo

Read more

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Read more

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Read more
 

Автомобили

Lamborghini го смени логото по повеќе од две децении

Читај повеќе

Дизелот е мртов за Volvo

Читај повеќе

Кинезите направија „бум“ во 2023 година продавајќи возила за 8.000 евра

Читај повеќе

Нови безбедносни појаси: Се прилагодуваат на различни големини на тело

Читај повеќе

Е-автомобилите можат сами да си ги полнат батериите, некои можат да заштедат многу пари

Читај повеќе

Истражување: Kолкава моќност треба да има вашиот автомобил?

Читај повеќе

Водич за возачи: Одговорно паркирање

Читај повеќе

Последното Audi R8 оди од фабрика во музеј

Читај повеќе

Крај за два модела на Porsche во Европа

Читај повеќе