Од октомври за пет отсто повисоки плати во образованието, здравството и градинките

Скопје, 22 септември 2018 (МИА) - Вработените во градинките, училиштата и болниците ќе имаат зголемување на платите за пет отсто. Покачувањето почнува од септемвриската плата што ќе се исплати во октомври.

Ова на денешната заедничка прес-конференција во Владата го соопштија министрите за финансии, за здравство, за образование и наука и за труд и социјална политика Драган Тевдовски, Венко Филипче, Арбер Адеми и Мила Царовска.

Министерот Тевдовски информира дека оваа промена ја најавиле уште со Буџетот за 2018 година, кој беше донесен минатата година.

- Јасно ни е дека не се работи за голема промена. Промената е согласно со можностите, но насоката е јасна. За Владата зајакнувањето на јавното здравство и образованието е приоритет. Образованието и здравството се темели на општеството и не смееме да дозволиме земјата да биде на дното на ПИСА-тестовите и не смееме да дозволиме докторите да се иселуваат или да си одат од јавното здравство. Ние сме решени да вложуваме во човечкиот капитал, потенцира Тевдовски.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми појасни дека сите вработени во јавните и државните основни и средни училишта во земјата, независно дали се ангажирани на неопределено или на определено работно време, ќе добијат зголемување на платите за пет отсто. Станува збор за околу 30.000 вработени - 21.288 во основно и 8.950 во средно образование.

Предвидените средства за оваа година за последниот квартал изнесуваат 145 милиони денари, додека за следните години се предвидени околу 580 милиони денари.

- Дополнително со потпишаните спогодби на вработените во образованието им се гарантира и најнискиот износ на плата и тоа 12.714 денари во основните училишта и 13.117 денари во средните училишта, рече Адеми.

Во јавното здравство, пак, зголемување ќе добијат 19.123 вработени за што се издвоени 117.483.846 денари од буџетот за 2018 година.

Министерот Филипче соопшти дека на наставниот кадар во хируршките гранки на универзитетските клиники во просек платата ќе се зголеми за 5.300 денари, а на докторите специјалисти на универзитетските клиники за 4.500 денари. На медицинските сестри на универзитетските клиники со високо образование во просек ќе биде две илјади денари, а на средно медицинскиот кадар за околу 1.500 денари на универзитетските клиники.

Во општите болници со зголемување на платата наставниот кадар ќе зема поголема плата за околу 4.700 денари, лекарите специјалисти за 4.060 денари, медицинските сестри со високо образование за 2.050 денари, а средномедицинскиот кадар ќе зема поголема плата за 1.050 денари.

- Како министер за здравство и како доктор убеден сум дека со зголемување на надоместокот за прекувремена работа, дежурства и ноќен труд, нешто што го направивме претходно, како и зголемување на платите ќе се даде значаен стимул за подобрување на положбата и достоинството на сите работници во македонскиот здравствен систем, рече Филипче.

Министерката Царовска нагласи дека зголемување од пет отсто ќе добијат и сите воспитувачки и негувателки кои работат во предучилишното образование. Се работи за 4.295 вработени, за што МТСПП обезбеди 15 милиони денари. 

- На ова зголемување од пет отсто му претходеше зголемување од два отсто кое се случи минатата година. И не застануваме тука. Постојано заедно со вработените и со синдикатите работиме на создавање систем на професионален развој во предучилишно образование и кариерно зголемување на платите понатаму, рече Царовска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Тевдовски потсети дека ова зголемување на платите беше најавено од минатата година, беше внесено во Буџетот, изгласано од страна на Собранието на Република Македонија кога не се знаело дека ќе има референдум.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Македонија

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Read more

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Read more

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Read more

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе