Од Пеле до Погба: Најдобрите млади играчи на Светските првенства

Од Светското првенство во 2006 година организаторите на планетарно најголемиот спортски настан на крајот од натпреварувањето доделуваат награда за најдобар млад фудбалер.

Пионер на оваа награда беше Лукас Подолски, кој на Мундијалот во Германија го доби ова престижно признание, а потоа ФИФА 2009 на својот официјален сајт организираше гласање за најдобри млади играчи за секој турнир од 1958 до 2002 година.

„Fifa best young player award“ се доделува за играчи кои имаат 21 година или помалку, што значи дека на Мундијалот во Русија оваа награда ќе можат да ја однесат играчи родени на 1 јануари 1997 година или подоцна.

До почетокот на Светското првенство останаа уште 29 дена и сега е вистинска прилика да се потсетиме на некои од вкупно 15 добитници досега, на наградата најдобар млад играч на Светско првенство.

Пеле (1958 година) - Бразил

Во далечната 1958 година во Шведска, со само 17 години, седум месеци и 23 дена Пеле го одигра првиот меч на Светско првенство за Бразил.

Овој турнир го однесе младиот Бразилец меѓу најголемите фудбалски ѕвезди, бидејќи како тинејџер ја воодушеви тогашната фудбалска јавност.

По изборот на навивачите Пеле стана најдобриот млад играч на Мундијалот во Шведска, а она што подоцна го направи во кариерата го претвори во најдобриот играч на сите времиња.

Франц Бекенбауер (1966 година) - Западна Германија

Без сомнение еден од најдобрите стопери на сите времиња, познат под прекарот „The Emperor“, односно цар.

Ако Герд Милер беше „бомбардерот“ во нападот, тогаш Бекенбауер беше генерал кој го командуваше бомбардирањето на противничките мрежи.

Бекенбауер во 1966 година не успеа да го освои Шампионатот со Западна Германија, но како дефанзивен играч постигна дури четири гола и нешто подоцна е прогласен за најдобар млад играч.

Роберт Просинечки (1990) - Југославија

Славниот Просинечки одигра феноменален турнир во Италија, а Југославија доживеа болен пораз во четвртфиналето од тогаш актуелниот шампион на светот – репрезентацијата на Аргентина.

Некогашна Југославија беше поразена после пенали од екипата на Марадона, а ударите од белата точка ги промашија Драган Стојковиќ, Драгољуб Брновиќ и Фарук Хаџибегиќ.

И покрај тоа, Просинечки беше избран за најдобар млад играч на овој Мундијал, а подоцна оствари феноменална кариера.

Лукас Подолски (2006 година) - Германија

Како да беше вчера кога тогаш 21-годишниот Подолски играше фантастично за националниот тим на Светското првенство во Германија.

„Панцерите“ пред домашната публика не успеаја да станат шампиони, меѓутоа Подолски одигра одличен турнир постигнувајќи три гола и прогласен е за најдобар млад играч на турнирот.

Ако Подолски во клубовите играше на исто ниво како и во дресот на репрезентацијата, веројатно сега ќе зборувавме за еден од подобрите напаѓачи кои публиката можеше да ги види во последните 20 години.

Круна на неговата кариера е освојување на Светско првенство во 2014 година, а ќе остане запаметен како еден од играчите кои за националниот дрес секогаш го давале својот максимум.

Одигра 130 мечеви и постигна дури 49 гола за Германија.

Томас Милер (2010 година) - Германија

Томас Милер е олицетворение на вредна работа и лојалност. Цел живот е во Баерн, цел живот во Германија, а воедно е и единствениот играч на светот кој во најскоро време ќе може да го сруши рекордот на Мирослав Клосе по број на голови на Светски првенства.

Милер на светската фудбалска сцена се проби на Мундијалот во 2010 година, кога на  само 20 години одигра одличен турнир за Германија, што му ја донесе и наградата за најдобар млад играч на турнирот.

Четири години подоцна успеа да го освои Мундијалот и подеднакво добро да настапува и за Баерн, каде освои се што можеше да се освои.

Пол Погба (2014 година) - Манчестер Јунајтед

Според некои најпреценетиот играч на светот, а според некои најдобриот играч за врска на планетата - она што е сигурно е дека времето на Пол Погба допрва доаѓа.

Пред четири години беше избран за „Fifa Best Young Player“, а од тогаш успеа да освои четири титули по ред во Серија А и да игра финале во ЛШ со Јуве во 2015 година.

Во Манчестер Јунајтед пристигна во 2016 година за 100 милиони евра и со славниот англиски клуб успеа да ја освои Европа Лига минатата година, додека Премиер лигата се чини уште далеку.

Погба има само 25 години, полека влегува во најзрелите години и ако продолжи со напорната работа, следните неколку години може да биде реален кандидат за најдобар фудбалер на светот.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе