Од писта до простор за сите: Како може да изгледа булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп?

Александра Спасеска
/ 25.11.2020 / 12:23

#НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, продолжува со активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство.

Активистите од групата под хаштазите #СоТочакЗаКлима #ДаЗборувамеЗаКлима на Facebook групата објавија предлози како би можело да изгледаат неколку улици во Скопје, а сега дадоа предлог и за булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп што минува низ центарот на градот.

Делот што е земен за пример е вон строгиот центар, со поглед кон споменикот „Прилепски бранители“.

„Во строгиот центар каде тротоарите се пошироки, улицата има велосипедски патеки на тротоари. Минатата година локалната власт во Прилеп ги ослободи од паркирање во тој дел и ги преуреди. Во овој дел сè уште не се ослободени тротоарите од паркираните возила, како што се забележува и од фотографијата. Тука тие се широки 4-5 метри, но заедно со дрворедите, а сообраќајните ленти за автомобилите, пак, се предимензионирани и со тоа многу небезбедни“, велат од #НаТочак.

Оттаму решението за овој сегмент е мошне едноставно, сметаат тие, и додаваат дека не се губи на бројот на ленти за возила, се добива простор за велосипеди и се добива поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот.

💚На фотомонтажата е прикажана можна трансформација на улицата од коловоз: 4,5 + 4,5=9 метри, во коловоз 1,5+3+3+1,5м=9 метри.

Трансформација:

↔️ Од 2 предимензионирани ленти за автомобили (со димензии кои надминуваат автопатски ленти и служат за трки) во:

🚗2 автомобилски ленти со побезбедна широчина од 3 метри, погодни за 50-60 км/ч според нашите стандарди за собирни улици. Дури и нашите стандарди за собирни улици дозволуваат ваква трансформација. Доколку се применат словенечките стандарди, би можеле да добиеме дури и пошироки велосипедски ленти и потесни автомобилски ленти (2,75 м).

🚲велосипедски ленти во двете насоки од минимум 1,5 м до максимум 1,75 м.

🚧 За велосипедските ленти не се потребни градежни интервенции, само ознаки и евентуално пластични столпчиња. Тие ќе ги заштитат и тротоарите од нелегално паркирање и граѓаните ќе може да уживаат во есенските прошетки покрај убавите дрвореди.

🔎Додека дел од улиците од примарната мрежа последниве години во Скопје се трансформираа (си ги добија назад постоечките велосипедски патеки кои беа неуредени или узурпирани со паркирани возила или пак добија велосипедски ленти со патна диета), во останатите градови многу затајува одржливото планирање на улиците.

‼️ Не постои ниту една друга општина според нашите сознанија која има донесено План за велосипедски сообраќај и предвидено некаква мрежа. Поединечни изведби на патеки има во различните градови, а во нив веројатно предничи Прилеп, но план за мрежа нема. Помалите градови со пократки дистанци на дневни движења имаат уште поголем потенцијал од Скопје за развој нa пешачкиот и велосипедскиот сообраќај.

И Скопје и помалите градовите располагаат со вакви улици со предимензионирани сообраќајни ленти кои многу лесно, со ознаки и пластични столпчиња може да се трансформираат.

❌Недозволиво е во 21. век да планираме улици без барем еднакво третирање на пешачкиот и велосипедскиот сообраќај.

Недозволиво е во 21. век да планираме улици кои се дизајнирани да убиваат (овде може да се развие над 100 км/ч), наместо да спасуваат животи.

Недозволиво е во 21. век да планираме улици само за сообраќајот кој загадува, а не и за здравиот, незагадувачки, активен, пријателски за климата транспорт.

„Ова е наједноставниот начин на кој може поинаку да се истретира оваа улица. Moра сите градови да поработат на предизајнирање на своите улици. Не во кампањите и не во декларативните заложби, туку во просторот се гледа вистинската еколошка и климатска заложба за сообраќајот. Ги предизвикуваме сите општини низ државата да покажат дека нивните заложби се искрени со трансформации за одржливост на нивните улици, особено со брзи трансформации на улиците со предимензионирани сообраќајни ленти“, апелираат од #НаТочак.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе