Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,9 % во однос на одлуката од 15.09.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините 0,225%, кај дизелот 1,906% , кај екстра-лесното масло 1,619% и кај мазутот зголемувањето е 1,445%.
Од 19.09.2023 година, од 0:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин евросупер БС-95 – 90,50 (денари/литар)
моторен бензин евросупер БС-98 - 92,50 (денара/литар)
дизел-гориво евродизел БС (Д-Е V) – 87,00 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар)
мазут М-1 НС – 48,268 (денари/килограм)
Малопродажната цена на бензинот евросупер БС-95 се зголемува 0,50 денари/л, а малопродажната цена на бензинот евросупер БС-98 не се менува.
Малопродажните цени на евродизелот (Д-Е V) и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат 1,00 денар/л.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 0,964 денари/кг и сега ќе изнесува 48,268 денари/кг.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок 0,042 %.