Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 20 мај.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,492 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,845%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 0,513% и кај мазутот намалувањето е за 0,164%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,333%
Од 28.5.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС – 95 82,50 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС – 98 84,50 (ден/л)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) 73,50 (ден/л)
- масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,00 (ден/л)
- мазут М-1 НС 42,453 (ден/кг)
Малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денари/литар, додека онаа на бензинот Еуросупер БС-98 се намалува за 1,00 денар/литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,176 денари/килограм и сега изнесува 42,453 денари/килограм.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 28 мај. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.