Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,16% во однос на одлуката од 17 јануари.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,747%, кај дизелот за 1,791%, кај екстра-лесното масло зголемувањето е за 0,516% и кај мазутот зголемувањето е за 0,921%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,0771%.
Од 21 јануари од 0:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
- моторен бензин Еуросупер БС-95 – 81,00 (ден/л)
- моторен бензин Еуросупер БС-98 – 83,00 (ден/л)
- дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) – 76,00 (ден/л)
- масло за горење Екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 75,50 (ден/л)
- мазут М-1 НС – 46,673 (ден/кг)
Малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1,50 денари/литар.
Малопродажните цени на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра-лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денари/литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,337 денари/килограм и сега ќе изнесува 46,673 денари/килограм.
Регулаторна напоменува дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 0:01 часот на 21 јануари 2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.