Македонија

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

14. ноември 2016 - 14:05 | Макфакс

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цените на бензинот и дизелот од полноќ се намалуваат за три денари по литар.

Новата малопродажна цена на горивата ќе изнесува:

- Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 60 денари за литар

- Еуросупер БС- 98 за 62 денари

- Еуродизелот за 47 денари

- Екстралесното масло за домаќинство 35.5 денари за литар

- Мазутот по 21,95 денари за килограм

Просечната цената на суровата нафта изнесуваше 44.073 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 55.9 денари.

Коментирај