Од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад во Аеродром

Општина Аеродром од понеделник почнува голема акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до крајот на септември.

Во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени садови каде што граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Акцијата ќе започне од населбата Мичурин каде што в понеделник на 29 јули садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот, и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица.

Потоа, на 30 јули (вторник), жителите на Острово својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9 до контејнерите, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.

Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до крајот на септември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на следниов линк.

Ваквата акција се спроведува со цел да им се излезе во пресрет на аеродромци бесплатно да го отстранат стариот мебел од своите домови. Со тоа истовремено ја заштитуваме животната средина од несовесно фрлање отпад, при што се создаваат диви депонии што ја загадуваат околината, но и даваат лоша слика за Аеродром.

Истовремено, Општина Аеродром најавува дека во наредниот период во голема мера ќе ги зајакне инспекциските контроли на терен. Доколку се забележи дека граѓани фрлаат кабаст и друг вид отпад на локации што не се наменети за тоа ќе се применуваат најстроги казни за таквото несовесно однесување.

реклама

Неодлучни се: Хороскопски знаци што не си веруваат ни себеси

Read more

Дали треба да пиете вода што стоела преку ноќ?

Read more

Колку често треба да практикувате празнење: Редовното празнење на дебелото црево е важно за здравјето

Read more

Зошто никогаш не треба да ги миете мрсните тави со топла вода?

Read more

Македонија

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Read more

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Read more

За возачи кои по трет пат ќе се најдат на суд, за прекумерна брзина или возење под дејство на алкохол, ќе им биде одземена возачката дозвола

Read more

Пријателите се простуваат од Игор Југ: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода…“

Read more
 

Вести

Јавен повик за доделување на стипендијата Билјана Василевска-Трајкоска

Читај повеќе

Работник од Бангладеш се заглавил во машина за бетон и починал

Читај повеќе

Граѓаните може да аплицираат за уред за Итно копче во Општина Центар

Читај повеќе

Тлото на Санторини не мирува, серија од 20 земјотреси се регистрирани на грчкиот остров

Читај повеќе

Деца починаа од предизвик на TikTok, родителите ја тужат социјалната мрежа

Читај повеќе

Работник тешко повреден откако со возило се преврте во каменолом во Росоманско

Читај повеќе

Американска осигурителна компанија ќе исплати над една милијарда долари за шумските пожари во Калифорнија

Читај повеќе

Пронајдени остатоците од урнатиот авион во Алјаска, сите 10 лица се загинати

Читај повеќе

Денес студено утро, а преку ден до 11 степени

Читај повеќе