Од Реган до Зеленски: Славни личности кои станале политичари

Пред актерот Володомир Зеленски, кој вчера победи во вториот круг на претседателските избори во Украина, неколку познати личности, од Роналд Реган до Џорџ Веа, тргнаа по патот на политиката и стигнаа до највисоките државни функции.

Американецот Роналд Реган е првата филмска ѕвезда која стана претседател на држава. Првично спортски коментатор на радио, потоа актер во филмови на т.н. Б-продукција повеќе од 20 години, Реган во 1966 година е избран за гувернер на Калифорнија. Тој во 1981 година стана 40 американски претседател, кој е избран и за втор мандат.

Арнолд Шварценегер, некогашен Мистер Универзум, а потоа и холивудска ѕвезда, е избран за гувернер на Калифорнија во 2003 година. По потекло од Австрија, Шварценегер седум години управуваше со најнаселената и најбогата американска сојузна држава.

На Филипините глумецот Џозеф Естрада влезе во политиката во 1969 година, кога е избран за градоначалник. Подоцна беше сенатор и потпретседател. Естрада во 1998 година станува претседател на државата, но е сменет три години подоцна поради обвинувања за корупција.

Актерот Џими Моралес во октомври 2015 година е избран за претседател на Гватемала. Како филмски продуцент и телевизиски водител, Моралес стана популарен во 2007 година по улогата на наивниот каубој по име Нето.

Во Перу познатиот глумец Салвадор дел Солар стана министер за култура во 2016 година, а премиер во март 2019 година.

Италијанскиот телевизиски тајкун Силвио Берлускони трипати беше премиер од 1994 до 2011 година. И покрај постојаните проблеми со судството, тој ја предводеше италијанската десница 25 години.

Доналд Трамп, милијардер на чело на империјата со недвижности, стана претседател на САД во 2017 година. Некогашен сопственик на натпреварувањето „Мис универзум“, Трамп како 45 американски претседател нема никакво политичко искуство, а популарноста ја стекна во реалното шоу „The Apprentice“, на кое беше продуцент и еден од водителите од 2004 до 2015 година.

Музикологот и пијанист Витаутас Ландсбергис е избран за претседател на Литванија во 1990 година. Во политиката влегол две години претходно.

Мишел Мартели, пејач познат како „Sweet Micky“ (Сладок Мики), бил претседател на Хаити од 2011 до 2016 година.

Поранешниот олимписки шампион во мечување (1968 и 1972 година) Пал Шмит беше претседател на Унгарија од 2010 до 2012 година.

Светски познатиот фудбалер Џорџ Веа во 2017 година е избран за претседател на Либерија. Претходно бил сенатор.

Поранешниот шампион во крикет Имрам Кан во 2018 година стана премиер на Пакистан.

Други познати личности кои имале политичка кариера се и писателот Леополд Седар Сенгор, кој во 1960 станал прв претседател на Сенегал по прогласувањето независност, како и Вацлав Хавел, кој во 1989 година бил прв претседател на посткомунистичка Чехословачка. 

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Живот

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more
 

Магазин

Рецепт на денот: Ароматично пилешко со зеленчук и рузмарин

Читај повеќе

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Читај повеќе

Три причини зошто вежбањето со тегови е клучно за слабеење

Читај повеќе

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Читај повеќе

Натпреварувачка во „Милионер“ запна на прашање за Адам и Ева

Читај повеќе

Се разбудивте уморни? Овие намирници ќе ве наполнат со енергија

Читај повеќе

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Читај повеќе

Дали сексот во врска навистина е подобар?

Читај повеќе