Од солзи до смеа на егзибицискиот натпревар: Болт на носилки, комедија во режија на братот на Фјури

На стадионот „Стемфорд Бриџ“ во Лондон во неделата вечерта се одигра фудбалскиот натпревар Soccer Aid помеѓу Англија и Остатокот од светот. Англија победи со 6:3, а на домашниот терен на Челси се појавија многу познати фаци.

Френк Лампард, Хари Реднап, Роби Вилијамс, Вик МекКлур, Дејвид Џејмс, Џил Скот, Џермејн Дефоу, Џо Кол, Тио Волкот, Мо Фарах и други играа за Англија, додека во тимот на Остатокот од светот беа Маурисио Почетино, Усеин Болт, Хесус Перес, Еден Азар, Томи Фјури, Роберто Карлос, Џон Оби Микел, Петр Чех, Алесандро Дел Пјеро, Патрис Евра и други.

Натпреварот заврши лошо за најбрзиот човек на сите времиња, Усеин Болт, рекордерот во трката на 100 метри со време од 9,58 секунди.

Спринтерот од Јамајка на овој меч се здоби со тешка повреда на ахиловата тетива, поради што беше изнесен од теренот на носилки.

Подоцна објави фотографија на која е облечен во ортопедска чизма

Азар најдобро се претстави пред публиката, што и се очекуваше откако неодамна ја заврши кариерата, а сите ги воодушеви со голот постигнат од слободен удар, кога го матираше Дејвид Џејмс.

На сите на стадионот, а потоа и на социјалните мрежи им се насмеа познатиот непоразен боксер Томи Фјури (10-0), помладиот брат на Тајсон Фјури, кој очигледно не е добро упатен во фудбалските правила.

Затоа предизвика вистинска комедија при фрлањето на топката од аут во игра, кога ја фрла со рацете под појасот, како во американскиот фудбал. Исто така, хит видео на интернет е она каде што ја промашува целата топка во обид да упати удар кон голот.

Покрај Болт, повреден е и актерот Емет Сканлан, кој се здоби со повреда на препоните, а тој призна дека никогаш во животот не играл фудбал.

Soccer Aid соопшти дека на овој хуманитарен натпревар собрале повеќе од 15 милиони евра, што се пари кои ќе бидат наменети за добротворни цели, а од 2006 година, од своето постоење, оваа фондација инкасирала вкупно 110 милиони евра за најзагрозените.

Тагови
реклама

Фудбал

Со Реал освои две титули, а сега го презеде клубот во кој ја започна кариерата

Read more

Фудбалска Европа го крева гласот против ФИФА

Read more

Инсајдер во Реал: Модриќ сака да игра на СП 2026

Read more

Каков ферплеј: Барса должи пари, а носи нови играчи

Read more
 

Спорт

Со Реал освои две титули, а сега го презеде клубот во кој ја започна кариерата

Читај повеќе

Фудбалска Европа го крева гласот против ФИФА

Читај повеќе

Инсајдер во Реал: Модриќ сака да игра на СП 2026

Читај повеќе

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Читај повеќе

Каков ферплеј: Барса должи пари, а носи нови играчи

Читај повеќе

Реал подготвува нов мегатрансфер  

Читај повеќе

Како Меси уште зема плата од Барса?

Читај повеќе

Јуве подготвува нов договор за Влаховиќ

Читај повеќе

Германците жестоки: Дали Клоп се продаде?

Читај повеќе