Од строг локдаун до живот без мерки: Каква е ковид ситуацијата низ Европа?

Локдаун, зголемување на бројот на заразени и поделба околу вакцинирањето го означи почетокот на зимата во Европа.

Европа е единствениот дел од светот кој бележи зголемување на нови случаи на COVID-19, соопшти Светската здравствена организација (СЗО). Ова е трета последователна недела како Европа бележи зголемување на бројот на заразени со коронавирус, пишува CNN.

Источна Европа и Русија бележат сѐ повеќе смртни случаи и инфекции, најмногу поради неодлучност и колебање за вакцинацијата, па според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) опфатот со вакцини во тој дел од Европа достигна само 24 проценти.

Различните стапки на вакцинација ги доведоа Источна и Западна Европа на два одвоени колосека

„Различните стапки на вакцинација ја доведоа Источна и Западна Европа на два одвоени колосека, но она што е заедничко е тоа што стапката на инфекција е поттикната од олеснување на пандемиските ограничувања, студеното време ги принудува луѓето во затворени простории и сега доминантен е високо заразниот делта сој“, рече за CNN д-р Питер Дробац, специјалист за глобално здравје на Факултетот за бизнис на Универзитетот Саид, Оксфорд.

Западна Европа, исто така, забележува зголемување на случаите на COVID-19 и покрај тоа што некои земји имаат речиси универзална покриеност со вакцини. Стапката на инциденца на COVID-19 во Германија се искачи на 100 нови инфекции на 100.000 жители во саботата, за прв пат од мај. Белгија и Ирска имаат највисоки стапки на заболени во Западна Европа, според ECDC, со инциденца од 325,76 и 432,84 на 100.000 луѓе, соодветно.

Во Македонија регистрирани се 511 нови случаи на COVID-19 од направени 3.622 тестирања во претходното деноноќие, покажуваат денешните податоци од Институтот за јавно здравје, според кои починати се 10, а 497 пациенти оздравеле. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 200.412, бројот на оздравени пациенти е 187.149, на починати е 7.072, а бројот на активни случаи изнесува 6.191.

Заклучно со 25 октомври вкупно се вакцинирани 801.988 граѓани, ревакцинирани се 771.165, а трета доза примиле 15.851 граѓани на Република Северна Македонија. Педесет и четири проценти од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33 проценти од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Една доза вакцина примиле 57 проценти од полнолетната популација во земјава, додека со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Податоците покажуваат дека 38 проценти од целата популација е вакцинирана барем со една доза, а 35 отсто се целосно вакцинирани.

Подолу е преглед на ситуацијата низ Европа.

Латвија воведе локдаун

Минатиот четврток Латвија стана првата земја во Европската Унија која воведе локдаун поради голем број случаи и во услови на ниска стапка на имунизација. Само 56% од сите возрасни лица во таа земја ги примиле двете дози од вакцината, во споредба со просекот во ЕУ од 74,6%.

Романија има една од највисоките стапки на смртност во светот

Романија повторно воведе ноќен полициски час во понеделникот и ќе ги прогласи здравствените пропусници за задолжителни за повеќето места, неколку дена откако беа регистрирани 19,25 смртни случаи на милион жители, една од највисоките стапки на смртност од COVID-19 во светот по глава на жител.

Проблемите во Романија не се поради недостаток на вакцини. Земјите од ЕУ имаат пристап до сите вакцини одобрени од ЕУ, но, како и во многу земји од Балтикот до Балканот, воведувањето на вакцината во Романија е попречено од двоумењето за вакцинација, лошата владина комуникација и недовербата во владата. Според ECDC, само 35,6% од возрасната популација е целосно вакцинирана.

Remote video URL

Рекорден број на нови случаи во Украина

Украина во четвртокот пријави најголем дневен број случаи на COVID-19 од почетокот на пандемијата (22.415), неколку дена откако претседателот Володимир Зеленски ги повика граѓаните да се вакцинираат, велејќи дека тоа е единствениот начин да се спречи заклучување.

„Има два начина за излез од оваа ситуација: вакцинација или затворање. Секојдневно се соочуваме со овој предизвик и овој избор. Поради економијата, не поддржувам заклучување“, рече Зеленски.

Но, училиштата во украинските жаришта се затворени од петокот, а владата објави дека се неопходни сертификати за вакцинација или негативен тест за пристап до јавниот превоз во главниот град, откако бројот на дневни смртни случаи достигна рекордни 614, пренесува Reuters.

Најлошата фаза на пандемијата во Русија

Русија минува низ најлошата фаза на пандемијата. Москва започна 10-дневен локдаун во понеделникот, бидејќи државните службеници отворено признаа дека земјата се соочува со ужасна зима.

Русија денеска пријави најголем број случаи на COVID-19 во еден ден од почетокот на пандемијата, додека во некои делови на земјата од денеска се спроведува наредба за платена неработна недела, чија цел е да се избегне уште поголем број на новозаразени и мртви. Работната група за коронавирус на Владата извести дека во последните 24 часа се регистрирани 37.930 нови инфекции со коронавирус, што е дневен рекорд, како и 1.069 смртни случаи од ефектите на Ковид, шест помалку од злогласениот рекорд од 1.075, поставен во саботата.

Претседателот Владимир Путин минатата недела најави дека ќе биде воведена платена неработна недела од 30 октомври до 7 ноември, но додаде дека секој регион треба евентуално да го продолжи тој период или да започне порано, во зависност од епидемиолошката ситуација. Шест руски региони, вклучувајќи ги Самара и Перм, региони источно од Москва, во понеделникот почнаа да спроведуваат платена неработна недела, пренесе ТАСС.

Путин, исто така, нареди имплементација на дополнителен сет мерки, вклучително и зголемено тестирање, построги проверки за носење маски и одржување физичко растојание и забрзување на кампањата за вакцини, при што вработените добиваат два платени слободни дена како награда за вакцинација.

Од овој четврток, Москва ќе ги воведе најстрогите мерки за изолација досега од јуни 2020 година, што значи дека ќе останат отворени само основните продавници како супермаркетите кои продаваат храна и средства за хигиена и аптеките. Невакцинираните московјани над 60 години од денеска ќе мора да останат во своите домови во следните четири месеци. Во меѓувреме беше донесена одлука за затворање на сите московски училишта.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека мерките за економска поддршка за компензирање на загубите предизвикани од рестриктивните мерки во оваа фаза се доволни.

„Сите усвоени мерки функционираат, а ситуацијата се следи многу внимателно. Ситуацијата е многу тешка и сите внимателно ќе го следиме начинот на кој се развива“, рече Песков.

Проблеми во Британија

Велика Британија бележи најмногу дневни случаи во Западна Европа. Здравствените експерти и медицинските организации побараа од британската влада повторно да воведе мерки како што се задолжително носење маски или сертификати за вакцинација, како што се другите европски земји, за да се спречи воведување на рестриктивни мерки како што е заклучување.

Но, владата ги отфрли ваквите мерки и покрај зголемениот број хоспитализации и смртни случаи. Кетрин Хендерсон, претседател на Кралскиот колеџ за итна медицина, изјави за Sky News во неделата дека здравствената служба веќе е во тешка ситуација поради COVID-19.

Тоа нема да биде доволно поради вртоглавиот пораст на бројот на случаи кои можат да бидат плодна почва за создавање на нови соеви. Во петокот, Агенцијата за здравствена безбедност на ОК го откри постоењето на дериват на сојот делта, AY.4.2, велејќи дека тоа е „варијанта под истрага“ поради некои докази дека може да ја зголеми стапката на инфекција во Велика Британија во споредба со делта сојот.

Шведска ги укина мерките, ситуацијата се подобрува

Пред десет дена Шведска направи уште еден чекор кон нормализирање на секојдневниот живот на своите граѓани, укинувајќи ја обврската за тестирање за коронавирус на 1 ноември за сите целосно вакцинирани лица, за лицата кои неодамна прележале COVID-19 и за децата до шест години.

На редовната неделна прес-конференција на Шведскиот завод за јавно здравје беше објаснето дека споменатите категории граѓани едноставно треба да останат дома додека не се опорават во случај на појава на симптоми. Тие можат да се вратат на работните места, факултетите или училиштата без тестирање, откако еден ден немале висока температура, дури и ако не престанале сите симптоми на болеста.

„За оние кои не биле вакцинирани против COVID-19, сè уште постои обврска за тестирање во случај на симптоми. Истото важи и за контактите на таквите лица, вработените во домовите за стари лица, здравствените работници и сите патници кои влегуваат во Шведска од континентална Европа“, објасни Карин Тегмарк Висел, заменик главен државен епидемиолог Андерс Тегнел.

Оваа одлука е последица на подобрувањето на епидемиолошката состојба во Шведска, која и покрај укинувањето на сите претходни мерки пред две недели, одржува ниска стапка на зарази и смртност од COVID-19. Во последните две недели, Шведска има 81 инфекција со коронавирус на 100.000 жители, што ја става меѓу десетте европски земји со најниска стапка на инфекција.

„Продолжуваме да го бележиме ширењето на коронавирусот, но на стабилно и релативно ниско ниво во споредба со претходните периоди. Неделно се прават околу 140.000 ПЦР тестови, а стапката на позитивни наоди е три проценти“, рече Тегмарк Висел.

Remote video URL

И онака ниската стапка на смртност продолжи да паѓа и по укинувањето на епидемиолошките мерки на 29 септември. Според ECDC, во последните две недели Шведска има петта најниска стапка на смртност од COVID-19 во Европа, по Исланд, Лихтенштајн, Луксембург и Холандија. Шведските медиуми особено сакаат да посочат дека нивната земја со месеци има подобра епидемиолошка состојба од нејзините нордиски соседи Данска, Норвешка и Финска, иако вкупната стапка на смртност од Ковид од март 2020 година во Шведска е многу пати поголема.

Во шведските болници, 209 пациенти моментално се лекуваат од COVID-19, од кои 22 се на одделенија за интензивна нега. Според Универзитетот Џон Хопкинс, 14.922 луѓе починале во Шведска од почетокот на пандемијата, со стапка на смртност од 145,08 на 100.000 жители, што ја прави Шведска на 46-то место во светот и на 28-то место во Европа.

До минатиот четврток, Шведска целосно вакцинираше речиси 80 отсто од населението на возраст над 16 години, а најмалку една доза од вакцината против COVID-19 беше дадена на 84,4 отсто од граѓаните. Наскоро ќе започне вакцинацијата на децата од 12 до 16 години, а на постарите граѓани и на ранливите групи ќе им биде понудена трета доза.

И Данска ги укина сите мерки

На 10 октомври, Данска ги укина преостанатите мерки воведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, потег што се објаснува со високата покриеност со вакцинација на населението.

Луѓето повеќе не мора да покажуваат сертификат за ковид кој покажува дека се вакцинирани, дека прележале COVID-19 или имаат негативен тест, дури и на големи настани, како фудбалски натпревари или во ноќни клубови, кои штотуку се отворија.

Ноќниот живот повторно беше дозволен на почетокот на месецот, по година и пол откако беше затворен. На почетокот, луѓето мораа да покажат ковид сертификати.

Овој услов е укинат и за кафеани, спортски сали и други дејности.

Досега 83 отсто од Данците постари од 12 години се целосно вакцинирани.

Норвешка исто така ги укина мерките

Норвешка, исто така, ги укина сите мерки кон крајот на септември.

Меѓу другото, правилата за физичко растојание повеќе не се применуваат, а се отфрлени и ограничувањата за бројот на учесници на настани и собири.

Останува само барање за карантин во случај на инфекција. Ограничувањата за влез исто така постепено се укинуваат. Во споредба со другите земји, Норвешка помина релативно добро во пандемијата.

Норвежаните го прославија крајот на мерките за коронавирус со забави: ноќните клубови и пабовите беа преполни, а на многу места атмосферата беше дива.

Бројот на новозаразени во Германија е во пораст

Бројот на нови инфекции со коронавирус во Германија е во пораст, а државниот епидемиолошки институт Роберт Кох предвидува уште посилен раст во наредните недели.

Мора да се земе предвид дека во продолжението на есенскиот период и претстојната зима нагло ќе се забрза зголемувањето на бројот на нови случаи“, се вели во соопштението на Институтот Роберт Кох.

Бројот на новозаболени на 100.000 жители во изминатата недела во петокот изнесува 95,1, што е значително зголемување во однос на септември кога инциденцата беше 65.

Пред неколку дена, Германија издаде нова листа на земји со висок епидемиолошки ризик, што значи дека луѓето кои не се вакцинирани или не го прележале коронавирусот ќе мора да одат во десетдневна самоизолација по нивното пристигнување од овие земји. Самоизолацијата може да се прекине само по пет дена со прикажување негативен тест или потврда за вакцинација.

Сите повратници во Германија се обврзани да се регистрираат пред да пристигнат во Германија, а вакцинираните или лицата кои го прележале коронавирусот можат да го вметнат својот сертификат за вакцинација при регистрација, со што се ослободуваат од карантин при враќањето.

Германија прогласи околу 70 земји за високоризични. Лицата кои не прележале COVID-19 или биле целосно вакцинирани мора да бидат ставени во карантин 10 дена по враќањето во Германија. Овој период може да се скрати ако лицето е негативно на тестот по пет дена.

Италија воведе една од најстрогите мерки во светот

Италија од 15 октомври воведе една од најстрогите мерки за коронавирус во светот, со која се бара од сите вработени во јавниот и приватниот сектор да имаат потврда за вакцинација, негативен тест за коронавирус или потврда дека неодамна се опоравиле од инфекција.

Работник кој нема да може да приложи валиден здравствен сертификат ќе биде суспендиран без плата, но не може да биде отпуштен. Оние кои ќе ја игнорираат уредбата и ќе дојдат на работа без ковид потврда ќе бидат казнети со парична казна од 600 до 1.500 евра.

Оваа одлука предизвика големи протести низ целата земја.

Србија воведе многу построги мерки

Од 22 октомври, Србија воведе корона-пропусници за сите угостителски објекти на затворено по 22 часот.

Невакцинираните гости во угостителските објекти мора да покажат негативен PCR или антигенски тест (BAT), извршен во една од референтните државни лаборатории.

Најавените казни се движат од околу 40 евра за гости, околу 250 евра за ковид-редарите, доколку влезат невакцинирани, околу 1.300 евра за претприемачи, до околу 2.500 евра за правни лица чии инспектори и комунална полиција ќе пронајдат прекршители.

Државниот секретар во Министерството за здравство Мирсад Ѓерлек денеска за РТС изјави дека ќе чека „една недела до 10 дена“, а доколку не се очекува ефект од ковид-пропусниците, ќе се бараат „поригорозни и многу поефикасни мерки“ од Кризниот штаб.

Од почетокот на епидемијата, Србија има регистрирано 1.104.117 случаи на зараза, а официјално се пријавени 9.571 смртни случаи, со стапка на смртност од 0,87 проценти.

Според денешниот епидемиолошки пресек, како последица на инфекцијата починале уште 62 пациенти, од 19.718 тестирани примероци, 5.908 биле позитивни, а 6.721 пациент се лекувани на одделенијата за ковид во болниците низ Србија, од кои 274 биле на респиратор.

Ситуацијата во Словенија се влошува. Наскоро построги мерки?

Поради натамошното влошување на епидемиолошката состојба во Словенија, се зајакнуваат контролите на патниците во јавниот превоз, а се размислува и за воведување дополнителни мерки, иако Владата уште не ги објавила.

Четвртиот бран на епидемијата не стивнува, па во последните 24 часа се потврдени 707 нови инфекции, речиси двојно повеќе од пред седум дена. Починале 11 пациенти, а уделот на позитивни тестови бил 34 отсто, што е највисоко од почетокот на епидемијата.

Бидејќи јавниот превоз се смета за место на забележливо ширење на инфекцијата, владата денеска објави дека инспекторите почнале да ги заоструваат проверките на ковид-пропусниците и да ги санкционираат оние што не го прават тоа.

Дополнително, директорот на Националниот институт за јавно здравје (NIJZ), Милан Крек, деновиве предупреди дека има многу заразени кај студентската популација и дека една од следните мерки би можело да биде повторно преминување на онлајн настава.

Ирена Кошек Грмек, член на владиниот тим за COVID-19, за Словенска телевизија изјави дека ги предупредува младите кои имаат училишен распуст оваа недела да се воздржат од поголеми собири и забави, а сите останати да се придржуваат до основните антиепидемиски мерки за да ситуацијата не се влошува..

Епидемиолозите особено предупредуваат на зголемениот притисок врз болниците, во кои моментално има 493 пациенти со Ковид, од кои 127 се на одделенија за интензивна нега. Според претходната стратегија на Владата, следното посериозно заострување на мерките ќе се воведе откако бројот на пациенти на одделенијата за интензивна нега ќе надмине 150, што може да се очекува наскоро со овој тренд.

Кога тоа ќе се случи, стратегијата што ја усвои Владата во септември предвидува на работа да доаѓаат само оние кои се вакцинирани или прележале корона, а истото би важело и за повеќето други активности, како превоз, трговски центри и слично. Владата уште не најавила нови мерки, но продолжува да повикува на вакцинација како најбезбедна заштита, но досега само 53 отсто од вкупното население се заштитени со две дози од вакцината.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Свет

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Read more

Пет сценарија како Франција може да се вмеша во војната во Украина

Read more

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се глупост

Read more

Италија има план како да ја сотре мафијата – Коза ностра прва на нишан

Read more
 

Вести

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе