Од Тајсон до Меси: Кои се најплатените спортисти од 90-тите до денес?

Боксерите во почетокот на 90-тите години на 20 век заработуваа најмногу пари, а потоа приматот полека го презедоа други спортисти.

Во изминатите 30 години меѓу најплатените спортисти имало кошаркари, возачи на Формула 1, голфери, додека фудбалерите се најдоа на врвот дури во изминативе неколку години.

Во овој интересен графички приказ на Data Z може да видите кои биле десетте најплатени спортисти по години, пресметано според годишната заработка од плата, бонуси, награди, реклами и договори.

Апсолутен рекордер е голферот Тајгер Вудс кој во изминатите 30 години дури 11 пати бил најплатен спортист на светот.

Легендарниот боксер Мајк Тајсон во 1990 година бил највисоко платен со заработка од 28 милиони долари, а на второ и трето место биле боксерите Бастер Даглас и Шугар Реј Леонард.

Следната година на врвот пак имаше боксер – Евандер Холифилд со заработка од дури 60 милиони долари.

Мајкл Џордан на првото место стигна во 1992 година и остана таму во 1993, 1994 и 1995 година.

Тајсон се врати на престолот во 1996 година, а потоа Џордан се врати на првото место уште две години по ред.

Михаел Шумахер беше на прво место по заработка во 1999 и 2000 година, а во 2001 година Тајгер Вудс стана првиот голфер кој бил најплатен спортист на годината. Американскиот голфер тогаш ја почна десетгодишната доминација на врвот на листата, а во 2007 година стана првиот спортист кој во една година заработил повеќе од 100 милиони долари.

Флојд Мејведер Џуниор во 2012 година конечно го симна Вудс од престолот, но голферот се врати веќе наредната година. Мејведер во 2014 и 2015 година пак беше на врвот, а во 2015 заработи дури 300 милиони долари, што е најголема сума што еден спортист ја заработил во една година.

Фудбалерите за првпат дојдоа меѓу десетте најплатени спортисти во 2004 година, а на првото место прв стигна Кристијано Роналдо во 2016 година, со Лионел Меси веднаш зад него на листата.

И следната година Португалецот беше на врвот, а Леброн Џејмс изби пред Меси на второто место.

Мејведер се врати на престолот во 2018 година со неверојатни 285 милиони долари, а минатата година тројца фудбалери беа на првите три места, со заработки поголеми од 100 милиони долари: Меси, Роналдо и Нејмар.

реклама

Живот

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Read more

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Read more

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе