Од TechArt мислат и на сопствениците на електричното Porsche
Од германската компанија за тјунирање TechArt подготвија пакет со опрема која од август ќе бидe достапна за сопствениците на електричното Porsche Taycan.
Германската компанија за тјунирање TechArt и Porsche соработуваат со децении наназад, а во друштвото на тјунираните автомобили од оваа компанија ќе им се приклучи и првиот електричен модел на Porsche.
Засега не се објавени информации за промените кои ќе ги направат, но на фотографиите може да ги забележиме 22-инчните алуминиумски фелни.
Електричните мотори на Taycan Turbo S произведуваат 761 КС и 1.050 Nm максимален вртежен момент.