Од утре бесплатни тестирања за сифилис, гонореја, кламидија и ХИВ за момчиња и мажи

Од 20 до 26 ноември 2023 година, под слоганот „Грижи се за себе“, ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување ја одбележува Европската недела на тестирање за да ги охрабри мажите редовно да се тестираат и грижат за своето сексуално и репродуктивно здравје.

„Ги охрабруваме момчињата и мажите кои се сексуално активни да дојдат во нашиот младински центар 'Сакам да знам' – Водно за бесплатен преглед кај дерматовенеролог и да направат пакет бесплатни тестирања за сифилис, гонореја и кламидија, како и брз тест за ХИВ. Тестирањата се бесплатни и доверливи, а резултатите готови за само 20 минути! По потреба, можат да добијат и доверливо советување за сексуалното и репродуктивното здравје и да си земат информативни брошури и кондоми“, изјави Весна Матевска, програмска раководителка во ХЕРА, на денешната конференција за печат.

Според д-р Велимир Савески од Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, не можеме да зборуваме за потполна физичка, психичка и социјална благосостојба ако го занемаруваме сексуалното и репродуктивното здравје.

„Европската недела на тестирање е само потсетник дека на тестирањето за сексуално преносливи инфекции треба да се гледа како на дел од грижата за сопственото здравје. Вакви тестирања, вклучително и за ХИВ, може да се направат и во амбулантата за ХИВ на Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, анонимно и доверливо. Она што ја прави нашата амбуланта различна од останатите е поддршката што секој пациент ја добива од психологот и социјалниот работник во однос на сексуалното и репродуктивното здравје“, рече Савески.

реклама

Нови шокантни детали од Ковачки: Безбеден град го лоцирал возилото со кое била киднапирана Вања во Маџари и кај хотелот Палас

Read more

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Read more

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Read more

10 добри навики на паровите кои остануваат заедно засекогаш

Read more

Здравје

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Read more

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Read more

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Read more

5 витамини за здрави заби и непца што треба да ги внесувате секој ден

Read more
 

Магазин

Астро љубов: Какви бивши сте според хороскопскиот знак?

Читај повеќе
  • play_arrow

Најопасниот хотел во светот: Среде море, опкружен со ајкули

Читај повеќе

Кои се најчестите постпородилни проблеми од кои страдаат милиони жени?

Читај повеќе

Како зимското време влијае на метаболизмот?

Читај повеќе

Зошто животот во брак може да го зголеми крвниот притисок?

Читај повеќе
  • play_arrow

5 најдобри вежби за да ги набилдате мускулите на рацете

Читај повеќе

Викенд хороскоп: Лавот ќе биде ѕвезда, Јарецот бара внатрешен мир

Читај повеќе

Зошто нема расположение за секс во вашата врска?

Читај повеќе

Кои моменти од детството децата ќе ги паметат засекогаш?

Читај повеќе