Зимата полека, но сигурно доаѓа и кај нас, па од утре веќе ќе имаме постудено време со температури под нулата, а наскоро се очекува и снег на планините.
Во Македонија од утре дневните температури ќе бидат значително пониски од досега, а утринските на повеќе места ќе се спуштат и под нулата.
На почетокот од наредната седмица ќе владее променлива облачност која во вторник ќе резултира со врнежи од дожд. Во северните делови истите ќе преминат во врнежи од снег на повисоките планински места.
Воедно, ќе се создадат и услови за појава на утринска магла.