Од утре задолжително покривање на носот и устата со маска, шал или марама во јавен простор

На денешната прес-конференција на претседателот на Владата на РСМ Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа сооопштени одлуките од денешната седница на Владата.

Спасовски рече дека од сите граѓани зависи дали ваквата состојба ќе трае подолго или пократко. Тој рече дека мерките воведени досега дадоа ефект, дека стратегијата е добра и дека има континуирано линеарен број на заразени.

Одлуките се донесени врз основа на мислењата на Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство кои ги следат препораките на СЗО, како и врз основа на тоа што во моментот се случува, рече Спасовски.

Одлуки и уредби:

Почнувајќи од утре, четврток, 23 април, се намалуваат рестрикциите на движењето.

Секој работен ден, од понеделник до петок ќе биде дозволено движењето на граѓаните од 05:00 часот наутро до 19:00 часот. Забраната за движење во целата држава ќе почнува во 19 часот и ќе трае до 5 часот наутро.

За лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 5 часот наутро до 12 на пладне.

Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.

Се намалува и ограничувањето на движење за време на викендите.

Од сега забраната за движење за викенд ќе почнува од 15:00 часот во сабота, а ќе трае до понеделник до 05:00 часот наутро.

Во сабота, за лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење од 5 часот наутро до 11 часот наутро.

Во сабота, младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од 12:00 до 15:00 часот.

Намалувањето на мерките не смее да значи опуштање и неодговорно однесување, нагласи Спасовски. „Тоа значи дека се зголемува нашата лична дговорност за заштита на нашето и здравјето на другите.“

Тој апелираше на строго придржување на мерките кога сме надвор, како носење маска, марама или шал и одржување дистанца од 2 метри. Меките мерки предвидуваат зајакната индивидуална одговорност. Таква е мерката за држење растојание од 2 метри, со оглед на тоа дека значаен дел од заболените се асимтоматски.

Друга мека мерка е задолжителна опрема: респираторна, хируршка, текстилна маска, свилена/памучна марама и шал, и други прекривки на носот и устата. Оваа мерка ќе важи на територијата на целата држава од утре, 23 април.

Оваа заштита треба да се носи при движење во јавен простор, затворен простор (маркети, продавници, пошта, јавен превоз, здраствени установи), на отворено каде не може да се одржува дистанца од 2 метри.

Не мора да се носи дома, во двор, на тераса, при индивидуално спортување, движење во природа или во возило со лица со кои го делите домот.

Во тек е обраќањето на министерот Филипче.

 

 

реклама

Местата што Македонците ги сакаат, тие ги одбегнуваат: Каде во Грција летуваат Грците?

Read more

Замрзнатото месо има рок на траење: Колку долго може да го чувате во замрзнувач?

Read more

X-59 ја проби звучната бариера: Отвора пат за тивки, брзи патнички авиони

Read more

Србија има нови правила за електричните тротинети: Што можеме да научиме од соседите?

Read more

Македонија

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Read more

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Read more

Ново балканско рангирање: УКИМ лидер во земјава, Кедев на врвот меѓу македонските истражувачи

Read more

ФЗОМ ги намали цените за ХПВ и ликвид ПАП тестовите: Попристапен скрининг за рак на грлото на матката

Read more

Вести

Нов удар врз џебовите на потрошувачите во ЕУ: цените на храната во Холандија скокнаа до 10 проценти

Читај повеќе

Бројот на заразени со ебола во ДР Конго се искачи на 635, починати се 127

Читај повеќе

Петрушевски до Петровска: Единствено што направивте за земјоделието е бизнисот со марихуана кој го добиваа луѓе од вашата партија

Читај повеќе

Трамп: Денес ќе го нападнеме Иран многу силно

Читај повеќе

Црна биланс на небото над Блискиот Исток: Колку авиони изгубија САД од почетокот на конфликтот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија

Читај повеќе

Нетанјаху остро му одговори на Ердоган: Антисемитски диктатор кој врши геноцид врз Курдите не може да држи лекции

Читај повеќе

Нова книга на Милчо Манчевски во Италија

Читај повеќе

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразна болест

Читај повеќе