Од вакцинирани близу 13 илјади, само 2 случаја на колапс од страв или паничен напад

Близу 13 илјади граѓани се вакцинирани заклучно со вчерашниот ден и освен два случаја на колапс, коишто не се поврзуваат со вакцината, туку веројатно станува збор за страв и панични напади, тука во салата „Борис Трајковски“, други несакани ефекти нема, изјави на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која што имаше тромбоза на очната вена, Филипче рече дека е добра и денеска оди на домашно лекување.

Во однос на досега вакцинираните, министерот посочи дека нема препорака дека нешто треба да се прави по добиената вакцина, како превенција или некои контролни прегледи.

– Тоа се однесува буквално на сите вакцини. Јас немам информација дека некој од здравствените работници, кој што е вакциниран, заболел од COVID-19 по вакцинирањето, рече Филипче.

Од податоците со кои досега располага, Филипче рече, дека над 90 проценти од сите здравствени работници, кои што работат со COVID-19 веќе се вакцинирани и ревакцинирани.

Генерално, додаде тој, околу 20 проценти на веќе закажани граѓани не се јавуваат на пунктовите за вакцинација.

– Од близу 2.800 веќе закажани граѓани вчера, 2.500 се вакцинирале, изјави Филипче.

Во однос на вакцинирањето на припадниците на МВР и Армијата, Филипче рече, дека имало голем интерес и согласно расположливите вакцини, приоритетни групи во Армијата и во полицијата ќе бидат тие коишто се најекспонирани и имаат најмногу контакти во текот на денот.

Тој истакна дека во останатите институции се пријавуваат вработените над 50 години кои имаат одредени коморбидитети и така се регрутирале пријавените од МТСП, вработените во градинки, од МОН – наставниците од I до III одделение.

Освен некои од информациите на социјалните мрежи, Филипче рече, дека досега не виделе силна антиваксерска кампања.

– Апелирам граѓаните да се свесни дека ова е единственото оружје со кое ние ќе ја смениме сликата за пандемијата. Не само кај нас, секаде во светот. Сите вакцини се безбедни. Таму, каде што има сомнежи, сме внимателни и чекаме соодветни препораки и мислења, и ова е единственото нешто кое што можеме да го направиме да го зачуваме сопственото здравје, рече Филипче.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more

Силјановска Давкова за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Македонија

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Read more

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Read more

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Read more
 

Вести

Силјановска Давкова против Пендаровски во вториот круг

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Драма во Париз: Падна симболот на Мулен руж

Читај повеќе

Пасоши за военоспособните мажи ќе се издаваат само во Украина

Читај повеќе
  • play_arrow

Гулабарник или ЕУ?

Читај повеќе
  • filter

Нови воени мапи за пробивот на Русите во Украина: Пандорината кутија е отворена

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините со повремен снег

Читај повеќе

ДИК: Силјановска Давкова освои 324.177, Пендаровски 161.393 гласа по обработени 89,97 отсто

Читај повеќе

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Читај повеќе

Касами: Добитници на овие избори сме ние, ДУИ има купено гласови

Читај повеќе