Од Вардар извлечено телото на машкото лице по кое се трагаше

Гостивар, 23 март 2019 (МИА) – Полициски службеници го пронајдоа и извлекоа безживотното тело на дваесетгодишниот гостиварец кој вчера попладне исчезна во водите на Вардар во близина на гостиварското село Балиндол.

Според информациите на СВР Тетово, телото на Ј.М. било забележано утринава околу 10 часот во реката меѓу селата Чегране и Форино.

Увид на местото извршил јавен обвинител и според првичните сознанија на телото нема траги од насилство. Причините за смртта ќе бидат познати откако ќе се изврши обдукција.

Потрагата започна вчера, кога граѓанин пријавил дека забележал тело на маж кое го носела водата во близина на селото Мало Турчане. Тој се обидел да го извлече, но не успеал. Во близина на селото Балиндол го изгубил од вид, по што била повикана полиција и пожарникари кои започнаа потрага.

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе