До вторник, следната недела, под влијание на многу топла воздушна маса ќе има секојдневен пораст на дневната температура, која почнувајќи од викендот во голем дел од земјава ќе надминува 35, а на места ќе достигне и 40 степени, информира УХМР.
УВ индексот повторно ќе има многу висока вредност – 9.
За време на викендот не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, особено во сабота на планинските подрачја.
Промена на времето се очекува од вторник, кон крајот на денот.