Од Владата не откриваат која географска одредница е прифатлива

Нема договорено нова средба помеѓу премиерот Зоран Заев и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски и ги отфрли шпекулациите дека во процесот на преговори околу името се разговарало за отстранување на членовите 3 и 49 во Уставот, кои се однесуваат на државните граници и македонските малцинства во други земји. Тој не откри ниту која географска одреница е прифатлива за македонската влада.

„Знаете дека детали околу преговорите во оваа фаза не откриваме. Преговорите се процес од сериозно значење, се работи за проблем што е многу долг и што води кон решение, кое ќе биде резултат на заемен компромис, достоинствено решение кое ќе го заштити дигнитетот на граѓаните од двете земји. Како Влада нема да си дозволиме да навлегуваме во шпекулации по однос на тоа што е објавувано во медиумите и не би имал што да додадам надвор од изјавата на премиерот“, изјави Бошњаковски на денешната прес-конференција.

Вчера премиерот Заев изјави дека Македонија е подготвена да прифати име со географска одредница, но не откри повеќе детали со цел, како што рече, да не се наштети на преговарачкиот процес околу овие чувствителни прашања.

На вчерашната седница беа донесени одлуките за преименување на автопатот во „Пријателство“ , а го објавија и новото име на аеродромот „Александар Велики“, кој сега ќе го носи името Меѓународен аеродром „Скопје“.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Read more

Села оди во коалиција со Ахмети

Read more

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Read more

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе

Села оди во коалиција со Ахмети

Читај повеќе

Македонија треба да ѝ врати 2,2 милиона евра на Европската комисија - биле злоупотребени преку Еразмус+

Читај повеќе

Хоспитализирана 71-годишна скопјанка, jа нападнале две лица

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе