УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2024/2025

Од Звезда урлаат по судијата за кражбата против Милан: Ова беше вооружен грабеж

Фудбалерите на Црвена звезда загубија од Милан на „Меаца“ со 2:1 во 6. коло од Лигата на шампионите, а по натпреварот збеснаа поради судењето на шпанскиот судија Хесус Хил Мансано.

Шпанецот не досуди прекршок пред корнерот по кој падна победничкиот гол во 89-тата минута, но и потоа, непосредно пред Теми Ејбрахам да го постигне вториот гол.

Очигледно е дека Ејбрахам направи прекршок во дуел со играч на Звезда, а потоа Габиа го турна капитенот Спајиќ на гол-линијата, но залуден беше и прегледот на ВАР.

Тренерот на белграѓаните, Владан Милојевиќ, грмеше по натпреварот.

„Тој пенал во Монако, скандал и срам... Ова денес, нема да зборувам, вооружен грабеж... Дојдовме овде да играме во Лигата на шампионите, ќе ви кажам што мислам. Ние сме голем клуб, српскиот народ е голем, нека си ја направат таа затворена лига, нека се веселат. Ако е ова Лига на шампиони, ако на ваков начин треба да победи Милан, тоа е грозно. Не сме ни почнале да играме Лига на шампиони, а нашите навивачи веќе не можеа да патуваат. Тоа не е за мене, но морав да го кажам“, изјави Милојевиќ за РТС по натпреварот.

Тој вели дека не случајно Мансано го судел и претходниот дуел на овие две екипи во Лига Европа.

„Не знам што да кажам. До сега не зборував, спортист сум, поминав многу, но молчев и многу страдав. Ова денес е невидено, срамота за Лигата на шампионите. На ваков начин... Од почеток на Лигата на шампионите имаат бнекој проблем со нас. Ова денес не е за коментар, чист фаул. Истиот судија, кој овде пред некое време направи нешто слично. Не знам што очекуваа, Звезда која ќе прими 4-5 голови. Сега ќе ви кажам за прв пат, класичен пенал не беше досуден во Монако“, изјави Милојевиќ, на крајот алудирајчи на натпреварот кој Црвена звезда го загуби со 5:1 од Монако во рамките на третото коло.

Звезда остана на само 3 бода на табелата, а во преостанатите две кола ќе го пречека ПСВ и ќе му гостува на Јанг Бојс.

Remote video URL
реклама

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

Експерти предупредуваат на радиоактивна прашина по оштетувањето на обвивката на Чернобил

Read more

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Read more

Објавени списоците: Дали добивте субвенции за струја?

Read more

Фудбал

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Read more

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Read more

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Read more

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Read more
 

Спорт

Кој ќе биде шампион во Ф1? Последната трка од сезоната се вози денеска во Абу Даби

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси е шампион на МЛС, го однесе Интер Мајами до првата историска титула

Читај повеќе

ФИФА враќа правило кое не се применуваше 20 години

Читај повеќе

Анчелоти: Немаме лесна група, ќе биде тешко

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ за полувреме уфрли 30 поени и донесе пресврт за Денвер

Читај повеќе

УЕФА му ја намали казната на Луис Диас

Читај повеќе

Лион среде скандал: Како клубот направил фиктивни трансфери вредни 120 милиони евра?

Читај повеќе

Артета за набиениот распоред: Ова е премногу, играчите не се машини

Читај повеќе

Жорди Алба се збогува со фудбалот во финалето на МЛС

Читај повеќе