Одбиено барањето на Робињо за намалување на казната за силување

Макфакс/Кајгана
/ 12.09.2024 / 09:38

Поранешниот бразилски фудбалер Робињо 6 месеци се наоѓа зад решетки, издржува 9-годишна затворска казна на која беше осуден за групно силување. Неговите адвокати по 6 месеци поднеле барање за намалување на казната, која судот ја одбил.

Робињо беше осуден во Италија во 2017 година за учество во групно силување што се случило во 2013 година. Жртвата била 22-годишна девојка од Албанија, Бразилецот во моментот кога го извршил делото играше за Милан, а во Италија пресудата стана правосилна во 2022 година, кога Врховниот суд на Италија ја потврди казната.

На 21 март, судот во Бразил пресуди дека Рбињо затворската казна ќе ја отслужи во Бразил. Одлуката е донесена поради сериозноста на делото, иако Бразил нема меѓународен договор со Италија според кој неговите граѓани би служеле затворски казни за кои биле осудени надвор од Бразил во самиот Бразил. Бидејќи Бразил не ги екстрадира своите граѓани, италијанските правосудни органи се согласија Робињо казната да ја одлежи во бразилски затвор.

Само еден ден подоцна, Робињо беше уапсен и сместен во затворот „Тремемба II“, кој има многу помалку затвореници од другите бразилски затвори и е познат кај Бразилците како затвор на славните.

Адвокатите на Робињо сѐ уште се обидуваат да ја намалат казната, но, како што пренесува порталот Leo Dias, не успеале.

Овој пат се обиделе да ја сменат категоријата на кривичното дело, односно тешкото кривично дело да се сведе само на кривично дело бидејќи во Бразил не постои можност за намалување на казната за тешки кривични дела. Адвокатите на Робињо сметаат дека силувањето не спаѓа во категоријата тешки кривични дела.

Тагови
реклама
Сончево и релативно топло со умерена облачност

Сончево и релативно топло со умерена облачност

Read more
Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион

Вучиќ: Договорот меѓу Скопје и Атина е добра вест за целиот регион

Read more
Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

Премиерна изведба на симфонијата „Лос Анџелес“ од Арво Перт со Македонската филхармонија

Read more
Руни: Сè ќе беше подобро со Гвардиола

Руни: Сè ќе беше подобро со Гвардиола

Read more

Фудбал

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Read more

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Read more

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Read more

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Read more
 

Спорт

Пандев: Елмас донесе добра одлука што се врати во Серија А

Читај повеќе

Евролигата најавува промени, ќе се прошири на 20 екипи

Читај повеќе

Еурофарм Пелистер ќе учествува во премиерното издание на младинската Лига на шампиони

Читај повеќе

Катастрофална вест за Арсенал: Хаверц мора на операција, ја заврши сезоната

Читај повеќе

УЕФА ги продава глобалните комерцијални права на американската агенција

Читај повеќе
  • play_arrow

Навивачите на Сити: Пораката „Престани да плачеш“ не е за Винисиус

Читај повеќе

Винисиус: Противниците ме тепаат, а јас добивам жолти картони

Читај повеќе
  • play_arrow

Пеп очаен по новиот пораз: Смешно е, не можам да се справам со ситуацијата

Читај повеќе

Шифрин и Џонсон златни во екипна комбинација на СП

Читај повеќе