Македонија

Одбиено барањето на Кочан за одложување на затворската казна

5. јули 2019 - 13:57 | МИА

Скопје, 5 јули 2019 (МИА) – Основниот кривичен суд – Скопје го одби како неосновано барањето на Сеад Кочан за одложување на издржувањето на казната за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство.

– Во однос на повеќе новинарски прашања доставени до Основниот кривичен суд – Скопје, во однос на предметот од обвинителството означен како „Труст“, ја информираме јавноста дека молбата за одлагање на извршувањето на санкцијата е одбиена како неоснована и истата е доставена до странките во постапката, се наведува во соопштението објавено на веб страницата на Основен кривичен суд – Скопје.

Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот „Труст“.

Првично Кочан од судот доби шест години затвор, бидејќи како управител на компанијата „Трансмет“ со лажни документи учествувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра. Апелацискиот суд на првообвинетиот Кочан му ја намали казната на четири години.

Коментирај