Одбивањето да се вакцинира ќе го чини Ирвинг 200 милиони долари

Кајри Ирвинг, еден од најдобрите плејмејкери во светот, одбива да се вакцинира и затоа ќе му бидат одбиени дополнителни 200 милиони долари, изјави еден од најценетите новинари во НБА, Шамс Чарани.

Ирвинг, кој ги брани боите на Бруклин Нетс, е тема број еден во американските спортски медиуми затоа што не сака да се вакцинира против коронавирусот и затоа не може да биде дел од натпреварите пред домашната публика.

Градот Њујорк пред неколку месеци донесе закон, според кој посетата на јавни места е можна само со потврда за вакцинација, така што ова важи и за кошаркарите на Бруклин Нетс и Њујорк Никс кои играат игри во „Барклејс Сентр“ и „Медисон Сквер Гарден“.

Додека не се вакцинира, Ирвинг нема да може да игра во Њујорк, а Бруклин Нетс објавија дека нема да му биде достапен на тренерот ниту на гостувања, и ризикува да ја пропушти целата сезона.

Како резултат на тоа, тој ќе загуби 16.000.000 долари, бидејќи Бруклин ќе го казни за секој пропуштен натпревар дома, а потенцијално ќе остане и без дополнителни 185.000.000 долари, колку што треба да му донесе неговиот нов договор.

Нетс сакаа да ја продолжат соработката со Ирвинг, но оваа ситуација значително ја менува позицијата на франшизата од Њујорк. Американскиот новинар Шамс Чарани наведува дека Бруклин нема да му понуди продолжување на соработката додека не се вакцинира.

URL

„Ми рекоа дека Кајри Ирвинг не планира да се вакцинира. Затоа е во опасност да загуби околу 200.000.000 долари. Доколку не се вакцинира, Ирвинг ќе ја пропушти целата сезона, а неговата единствена надеж е да чека Њујорк да го укине постоечкиот закон. Меѓутоа, според моите извори, водачите на градот не планираат да го сторат тоа во блиска иднина“, вели Чарани за CNN.

Ирвинг се огласи во средата преку својот официјален профил на Instagram, а потоа ја појасни својата позиција.

„Не сум антиваксер. Се работи само за тоа што е добро за моето тело. Не сум сигурен и тоа е во ред. Свесен сум за последиците. Факт е дека јас не повредив никого ниту направив злосторство“, рече Ирвинг, додавајќи:

„Ако сакате да се вакцинирате, ве поддржувам. Направете го она што е најдобро за вас. Секој треба да го направи она што е најдобро за него. Она што ме растажува е што луѓето ја губат работата поради овие работи“.

Секогаш постои трејд опцијата, бидејќи само во Њујорк и Сан Франциско важи правилото за задолжителна вакцинација, и тоа значи дека би можеле да го видиме Ирвинг во некој друг клуб од НБА.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Полната Месечина во Скорпија на 24 април ќе направи хаос

Read more

Научници открија која храна го зголемува ризикот од рак

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе
  • play_arrow

Тео, Думфрис и исмејување: 3 работи од Милан - Интер што не ги видовме на ТВ

Читај повеќе

Репрезентациите на ЕУРО со 26 наместо со 23 играчи?

Читај повеќе
  • play_arrow

Капело не го смета Кристијано Роналдо за фудбалски генијалец

Читај повеќе