Македонската одбојкарска репрезентација на денешната жрепка ги доби противниците во фазата по групи на Европското првенство 2023.

Жрепката се одржа во Неапол, а македонската репрезентација се најде во групата Ц заедно со Полска, Црна Гора, Холандија, Чешка и Данска.
Одбојкарското ЕУРО 2023 ќе се игра од 18 август до 16 септември идната година, а Македонија е кодомаќин заедно со Италија, Бугарија и Израел. Секоја држава ќе организира една од четирите групи.
Фортуната на 24-те учеснички им ја даде следнава судбина:
Група А
Италија
Швајцарија
Германија
Србија
Белгија
Естонија
Група Б
Бугарија
Финска
Словенија
Украина
Хрватска
Шпанија
Група Ц
Македонија
Полска
Црна Гора
Холандија
Чешка
Данска
Група Д
Израел
Романија
Франција
Турција
Португалија
Грција
Ова ќе биде трето последователно учество на Македонија на ЕУРО откако беше дел од континенталните собири во 2019 и 2021 каде заврши на 17-то и 23. место. Овој пат нашата репрезентација автоматски се квалификуваше како кодомаќин.