Македонската женска одбојкарска репрезентација загуби со 0:3 (19:25, 17:25, 29:31) на гостувањето кај Латвија, за петти пораз едноподруго во првата сезона од Европската сребрена лига.
Овојпат, одбојкарките беа најблиску до освоен сет, откако во третиот сет пропуштија три сет-топки, за да останат без освоен сет во петте меча.
Тамара Стојанова имаше 11 поени за Македонија. Во последниот натпревар од групната фаза, Македонија в сабота игра со Австрија.