Останати спортови

Одбојкарската федерација со моќна порака: Наредното ЕУРО е за две години, тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале

19. септември 2019 - 13:43 | Ф.З.

„Може да се тагува, но не премногу, ниту пак предолго. Наредните квалификации се во август, а следното европско за две години. Оваа генерација може уште еднаш да биде на континенталниот собир, а тогаш нема да зборуваме за прв поен, прв сет или прва победа. Тогаш ќе зборуваме за прво осминафинале!“ се вели во Facebook објавата на Одбојкарската федерација на Македонија.

Одбојкарите синоќа не дочекаа осминафинале откако Турција потклекна пред Финска во натпревар со пет сета, а нас ни требаше Турците да победат. За ОФМ, ова не е крај, само почеток.

Се надеваме дека навистина ќе биде така, дека по ракометарите и кошаркарите, еве и одбојкарите ќе направат низа од настапи на големи натпреварувања.

 

Коментирај