Останати спортови

Одбрана на деценијата е онаа на Холтби од финалето 2018

16. јануари 2020 - 13:57 | Ф.З.

Најдобрата голманска интервенција за изминататa декада во светот на хокејот е на Брејден Холтби, голманот на Вашингтон Капиталс.

Луѓето на НХЛ по долго и тешко размислување ја прогласија одбрана на Холтби за најдобра за периодот 2010-2019.

Се случи во вториот натпревар од Стенли куп финалето во 2018 година. Вашингтон играше против Вегас Голден Најтс кога Алекс Так упати удар кој сите го видоа во мрежата на Капиталс. Холтби во тој момент ја направи неверојатната одбрана запирајќи го пакот со палката. Натпреварот го доби неговиот тим со 3:2.

Вашингтон таа сезона стана шампион откако го совлада Вегас со 4:1 во партии.

Коментирај