СЕРИЈА А 2024/2025

Одбрана на сезоната го лиши Јувентус од победа во Бергамо

Голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, е најзаслужниот што Јувентус освои само бод во дербито од 19. коло во Серија А, а неговата интервенција во вториот дел од натпреварот влегува во конкуренција на најдобрите сезонава.

Јувентус имаше голема гостинска победа во свои раце. „Старата дама“ имаше предност со голот на Пјер Калулу на почетокот на вториот дел, а потоа брилираше со играта во преостанатиот дел од натпреварот.

Сепак, неверојатниот голман Карнесеки имаше 8 одбрани и им дозволи на бергамашите да останат во игра во текот на натпреварот. Тоа го искористи Матео Ретеги кој со гол во 78. минута ѝ донесе вреден бод на Аталанта која и понатаму има шампионски амбиции.

Но, ништо од ова немаше да биде возможно без една чудесна интервенција на Карнесеки. Голманот на Аталанта го спаси својот тим кога Јувентус водеше со 1:0.

Повторно Калулу беше на дофат на гол, а за да не биде двоен стрелец се потруди Карнесеки и буквално ја извади топката од гол.

Marco Carnesecchi (Atalanta) goal line clearance against Juventus
byu/Viriato181 insoccer

За среќа на Аталанта, тоа го направи додека топката беше само неколку милиметри на гол-линијата. Со помош на goal-line технологијата судијата Даниеле Довери утврди дека топката не влегла целосно во голот и Аталанта остана во игра.

Карнесеки ја собра целата слава по натпреварот, а насловните страници на италијанскиот печат беа исполнети со фотографии од неговите бравурозни одбрани од синоќа.

За Јувентус ова беше дури 13-то реми во 20 одиграни натпревари во Серија А сезонава и сѐ уште е непоразен, но е само на 5-тото место. Од друга страна, Аталанта е на третата позиција со четири бодови помалку од лидерот Наполи.

реклама

Во Европа се раѓа ново големо ривалство, стадионите ги дели улица

Read more

Портпаролот на Путин: Западот нѐ принуди во војна, имаме еден услов за преговори

Read more

Нова технологија ја претвора топлината од издувните гасови од авиони и автомобили во електрична енергија

Read more

Кит проголта и исплука кајакар кај брегот на Чиле: Мислев дека тоа е крајот

Read more

Фудбал

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Read more

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Read more

Премиер лигата експресно го казни Слот

Read more

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Read more
 

Спорт

Роналдо ја предводи листата на најплатените спортисти во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Претставен првиот болид за новата сезона во Ф1

Читај повеќе

Дешан: Зидан е природен кандидат за мој наследник

Читај повеќе

Поранешен талент на Баерн доживеа мозочна смрт на терен

Читај повеќе
  • play_arrow

Еурофарм Пелистер загуби во Лисабон

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас живее и без Дончиќ

Читај повеќе

Брињоне ја растури конкуренцијата во Залбах

Читај повеќе

Премиер лигата експресно го казни Слот

Читај повеќе

ТСЦ за 450.000 евра го купи Андреј Тодороски

Читај повеќе