Фудбал
БУНДЕСЛИГА 2019/2020

Одбрана на сезоната: Како голманот ја спаси Борусија од Баерн?

10. декември 2019 - 9:42 | А.С.

За фудбалските фанови секогаш е интересно да се види нов сензационален потег, особено ако доаѓа од голманите.

Борусија Менхенгладбах славеше во 14-тото коло од германската Бундеслига против Баерн Минхен на свој терен со резултат од 2:1 и така го задржа првото место во Бундеслигата со дури седум бодови повеќе од ривалот од Минхен кој е седми на табелата.

Домаќините дојдоа до победа со погодок во 92. минута од белата точка, а моментот што го одбележа натпреварот, а и сезонава, беше одбраната на голманот Јан Зомер.

Голманот на Борусија Менхенгладбах ја спаси својата мрежа буквално со врвовите на прстите, кога милиметри го делеа Баерн од водство во 29-тата минута од средбата.

Судијата не се огласи за милиметарското спасување и Зомер стана херој на екипата која го предводи бундеслигашкиот караван, фрлајќи го во сенка некогашниот гигант Баерн.

Борусија Менхенгладбах во ноември годинава му го обнови договорот на Јан Зомер до летото 2023 година.

Коментирај