Македонија

Одбраната на Груевски ќе поднесе сериозна жалба на пресудата за „Тенк“

23. мај 2018 - 14:21 | МИА

Скопје, 23 мај 2018 (МИА) – Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов по изрекувањето на пресудата пред Кривичниот суд рече дека се незадоволни и најави дека вложат сериозна жалба поради ваквата пресуда.

- Како одбрана во овој предмет силно жалиме што Основниот суд Скопје 1 не ја прифати нашата силна аргументација која што со леснотија ќе го доведеше овој суд при изрекување на пресудата да донесе ослободителна пресуда. И не само тоа, да донесе, ако така милувате, и одбивателна пресуда, рече Дангов.

Според него, не постојат услови за кривично гонење на ниту еден од обвинетите.

Коментирај