Одбраната на „Монструм” ќе поднесе крвична пријава против вештакот Снежана Николовска

Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” ќе поднесе кривична пријава против вештакот Снежана Николовска, поради, според нив, фалсификување на вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир.

Ова го најави адвокатот Насер Рауфи, по завршување на денешното рочиште за „Монструм“, кој уште додаде дека нивниот став оти случајот е монтиран е потврден со денешниот исказ на сведокот Николовска дека ова вештачење е фалсификувано.

– Самиот вештак Снежана Николовски призна дека државата нема метода да прави анализа на земјата, која е една многу тешка анализа. Таа призна дека при вештачењето го има употребено само методот на компарација, односно само бојата на земјата од Смилковско Езеро и Враживир. И на нашите прашања, но и на прашања на Обвинителството таа призна дека го има фалсификувано нејзиниот извештај, односно нема направено анализа на елементите на земјата. За овој фалсификат како одбрана ќе поднесеме кривична пријава против овој вештак. Ова е пети пат што сведочи овој вештак и секој извештај беше различен и ова беше нашиот сомнеж, односно ова произлезе од сведочењата на експертите на МВР, изјави Рауфи.

Тој, исто така, посочи дека зад „овој фалсфикат“ не стои вештакот Николовска, туку дека има наредба, иако сведокот Николовска, во своето сведочење рече дека нема такво нешто. Одбраната на обвинетите во случајот „Монструм” мисли дека во кривичната постапка што ќе биде покренета против вештакот ќе се дознае и кој дал наредба за „ваков фалсификат“.

Од друга страна адвокатот на оштетените семејства во судскиот предмет за Смилковско Езеро, Дафинка Ивановска, истакна дека вештакот (сведокот) Николовска, ги кажала методите, но не кажала дека всушност таа земја не припаѓа од тие места од кои што анализирала.

– Сведокот кажа дека сè што имала го завршила на таков начин како сметала дека треба и по  најсовремени методи. Имале и обуки, била со лиценца и е завршено на начин кој е потребен за да утврди од каде потекнува таа земја. Таа беше категорична дека тоа што го направила и таа земја што е подигната од страна на увидна екипа, и таа дополнителната што е подигната произлегува од местата што се поврзани со кривично правниот настан, рече адвокатката Ивановска.

При денешното сведочење вештакот Николовска, по прашање на обвинителката Фетаи, рече дека во вештачењето на земјата од Смилковско Езеро и Враживир има неточни податоци.

– Елементарниот состав на земјата и гранулатот се вишок, јас ги ставив, рече Николовска, по што следеше прашање на обвинителката Фатиме Фетаи дали е свесна дека ова е лажен документ и по чија наредба го направила тоа. – Не е по никоја наредба. Немам објаснување, рече вештакот Николовска.

Следното рочиште случајот „Монструм” e закажано за 16 октомври, каде е предвидено да се презентираат докази од одбраната.

Случајот за овој предмет го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е обвинителката Фатиме Фетаи. 

реклама

Со две ластичиња до убави велигденски јајца со нова шара

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

Адвокат советува на кое прашање никогаш да не одговарате кога кога ќе ве запре полиција

Read more

Ослободете се од пајаците во домот со природен лек

Read more

Хроника

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Read more

Двајца стружани се расправале со гости во кафеана, оштетиле неколку автомобили, истепале охриѓанец, па биле агресивни со полицајците

Read more

Уапсен 26-годишник, се обидел да силува 68-годишна жена

Read more

Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило

Read more
 

Вести

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Читај повеќе

Бајден тврди дека вујко му бил изеден од канибали

Читај повеќе

Сè за Германија? Мало морген!

Читај повеќе

ДУИ си играше власт: Османи стана претседател, Села на Собранието, Бугарите влегоа во Уставот

Читај повеќе

Волстрит паѓа четврти ден по ред

Читај повеќе

Почнува Крај Вардарот Џез: Три фестивалски вечери и пет концертни настапи кои кокетираат со авангардни стилови

Читај повеќе

Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица го објави својот предизборен спот

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Овие избори се последна шанса за Македонија

Читај повеќе