Одбраната во „Титаник 2“ побара да се провери дали судиите Шабани и Ставрев биле прислушувани

Скопје, 12 април 2018 (МИА) – Адвокатот на Никола Груевски, Димитар Дангов, на почетокот на денешното рочиште за „Титаник“ даде приговор до судијата Осман Шабани дека камерата со која се снима рочиштето не ги опфаќа сите обвинети во судницата, па, како што рече, видеозаписот нема да биде целосен.

Адвокатот Еленко Миланов, пак, побара изземање на судиите Осман Шабани и Огнен Ставрев од овој предмет, бидејќи, како што кажа, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на ТВ 24 на 23 март кажала дека дел од судиите биле прислушувани или ги имало во „бомбите“. Тој побара да се провери дали судиите Ставрев и Шабани биле прислушувани за што, како што рече, досега не добил одговор од СЈО.

Во Кривичниот суд денеска почна второто рочиште за предметот на Специјалното јавно обвинителство „Титаник“, што се однесува на десетина дела поврзани со изборни нерегуларности.

Сите обвинети меѓу кои и поранешните функционери Никола Груевски, Мартин Протуѓер, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, се присутни на денешното рочиште. 

Тие се осомничени од СЈО за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања во 2012 година.

Судијата Шабани даде пауза по која треба да продолжи рочиштето за „Титаник“ во новата зграда на Кривичниот суд.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Македонија

Викендов променливо облачно со локален дожд

Read more

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Read more

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more
 

Вести

Викендов променливо облачно со локален дожд

Читај повеќе

Филмот на Цветановски со награда за најдобар филм во Калифорнија

Читај повеќе

Посебен сообраќаен режим викендов во Скопје поради предизборни митинзи

Читај повеќе

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе