Одбрани авторите и авторките за зборникот Рукописи 45, четворица од Македонија

Александра Спасеска
/ 07.05.2022 / 10:29

Ива Дамјановски, Стефан Велковски, Леона Јариќ и Филипа Сара Попова ќе бидат објавени во зборникот Рукописи 45.

Во зборникот Рукописи 45 оваа година ќе се најдат 78 автори од Србија, Црна Гора, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Македонија. На конкурсот преку електронска пошта пристигнаа 350 пријави, а жирито работеше во состав: Срѓан Гагиќ, Стефан Станојевиќ, Јасмина Топиќ (гл. уредник), Наталија Миловановиќ (Словенија), Ѓоко Здравески (Македонија).

Одбрани се следниве автор(к)и: Милана Грбиќ, Раде Шупиќ, Јулија Петковиќ, Милош Лазаревиќ, Ѓорѓе Топаловиќ, Горица Радмиловиќ, Светлана Савиќ, Ненад Костиќ, Сара Станојевиќ, Немања Куч, Тијана Миљковиќ, Маја Стојанац, Оливера Митиќ, Дејан Каназир, Немања Киџин, Милош Миленковиќ, Уна Капетан, Стефан Кирилов, Стефан Басариќ, Алекса Крстиќ, Лидија Тасиќ, Шимон Цубота, Тамара Поповиќ, Катарина Пантовиќ, Сара Маѓар, Марко Мијатовиќ, Урош Ѓоровиќ, Катарина Петковиќ, Миња Ковач, Богдан Чалиќ, Амар Личина, Мирко Кекиќ, Христина Дамјановиќ, Милош Михаиловиќ, Вукашин Оџиќ, Сузана Џувер, Његош Вуковиќ, Петра Нешиќ, Павле Алексиќ (СРБИЈА); Јосип Чекољ, Марија Скочибушиќ, Ади Туфек, Лука Ивковиќ, Силба Љутак, Антонела Бокан, Марко Пешут, Андрија Балуновиќ, Елиша Папиќ, Никола Сердар, Адриан Сатја Курдија, Вида Терзе, Дејана Пацина (ХРВАТСКА); Мирза Пињиќ, Павле Бањац, Амина Хрнчиќ, Мерима Мустафиќ, Мирна Диздаревиќ, Николина Круниќ, Армин Шетиќ, Ранкица Гвозден, Емина Алиќ, Емрах Куло (БИХ); Милена Радевиќ, Наташа Гудељ, Анѓела Булајиќ, Филип Видаковиќ, Тијана Радуловиќ, Стефан Мијовиќ (ЦРНА ГОРА); Лукас Дебелјак, Ајда Зупан, Вероника Разпотник, Ева Уле, Ања Пирнат (СЛОВЕНИЈА); Стефан Велковски, Ива Дамјановски, Леона Јариќ, Филипа Сара Попова (МАКЕДОНИЈА).

„Им честитаме на одбраните автори затоа што конкуренцијата, како и секоја година, беше навистина голема. На авторите што оваа година не влегоа во зборникот им се заблагодаруваме за испратените текстови, и се надеваме дека ќе се јават и следната година и ќе си го најдат своето место во идните Рукописи. Зборникот излегува од печат на почетокот на мај, а фестивалот по повод објавувањето на Рукописи 45 оваа година ќе биде одржан во стариот термин со гостите автори од регионот. Се радуваме што на 20 и 21 мај ќе ги претставиме авторите од Србија и гостите од Хрватска, Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, ќе уживаме во добра книжевност, во работилниците и во музичката програма“, велат организаторите.

Оттаму додаваат дека одбраните автори преку мејл ќе добијат известување за изборот во Рукописи 45, а исто така и информации во врска со фестивалот и доаѓањето во Панчево. Активностите и нови информации ќе бидат достапни на Facebook страницата Rukopisi и на сајтот на Домот на младите во Панчево (www.domomladinepancevo.rs), а веста за одбраните автори ќе биде проследена на релевантни интернет-страници и портали што ја следат културата.

„Организаторот и уредничкиот тим уште еднаш им се заблагодаруваат на сите што учествуваа на конкурсот, а им честита на одбраните автори.“

Издавач на Рукописи 45 и организатор на манифестацијата е Домот на младите Панчево, а книгата се печати под покровителство на Град Панчево.

Тагови
реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Култура

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Read more

Коле Ангеловски: Театрите се распаѓаат, а ние финансираме фестивали во други држави

Read more

Ива Петреска ја промовира дебитантската стихозбирка „Песнило“

Read more
26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

26 март 1901, роден е македонскиот сликар Лазар Личеноски

Read more
 

Вести

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе