Живот

Одбрани се двајца финалисти во Red Bull Paper Wings – Дали ти ќе патуваш со нив во Салцбург?

12. април 2019 - 16:17 |

Дали бевте дел од натпреварот Red Bull Paper Wings изминатиот викенд во Веро Центарот?

Ги избравме финалистите во категориите Најдолг лет и Најголема дистанца, но ти уште имаш шанса да се натпреваруваш и да бидеш еден од финалистите што ќе ја претставува нашата земја патува на главниот настан во легендарниот Hangar 7 во Салцбург, Австрија.

Најпрво, погледнете каква беше атмосферата во Веро Центар:

Минатиот викенд беше многу возбудливо: Победник во категоријата Најголема дистанца беше Давид Јовевски со 31,36 метри, а второто место го освои Стефан Шевченко.

Стефан со време од 7,3 секунди беше победник во категоријата Најдолг лет, а второто место му припадна на Алек Петрески.

Со оглед на тоа дека Давид се откажа од првото место во категоријата Најголема дистанца, на негово место о финалето во Салцбург ќе оди второпласираниот Стефан Шевченко (28,3 метри) кој спортски му ја предаде победата во категоријата Најдолг лет на Алек Петрески (6,5 секунди).

Ти уште имаш шанса да се приклучиш на победничкиот тим!

Пријавувањето за третата категорија од натпреварувањето Red Bull Paper Wings – Аеробатика – ќе биде онлајн, па информирај се како да се приклучиш на забавата:

Ако имаш импресивни аеробатски трикови под ракав, сакаме да ги видиме. Телото на авионот мора да биде направено од хартија, но нема ограничувања околу квалитетот на хартијата, големината и конструкцијата на користениот авион. Не е дозволено авионите да бидат контролирани со далечински управувач. Поддржувачки материјали се дозволени, но не смеат да влијаат на летот на авионот откако ќе биде лансиран. Нема ограничувања за положбата и стилот на телото за време на лансирање на авионот.

СНИМАЈ

Биди креативен и објави го твоето шоу со авион од хартија во видео не подолго од 60 секунди. Не ти се потребни никакви вештини за снимање, само земи го твојот телефон и обиди се.

ПРИКАЧИ

Само објави го твоето видео на Instagram користејќи го @redbull, @redbullmakedonija и #redbullpaperwings – не заборавај да означиш локација.

БИДИ ОДБРАН

Онлајн заедницата ќе ги даде своите гласови, и третината од пријавените, со најмногу гласови ќе отиде на националното финале на кое жирито ќе го одбере победникот.

ПОБЕДИ

Најдобрата изведба од секоја држава ќе добие патување во Австрија на Светското финале, на кое ќе биде крунисан Глобалниот шампион.

Гласањето ќе се одржи од 24 до 27 април, а ќе одлучува жирито во состав:

Иван Христов - Еден од наптреварувачите на Red Bull Paper Wings во 2012 година, член на воздухопловен спортски клуб РЦСК Скопје, организатор на Мај Флај. Се занимава со моделарство од 2010 година и се има натпреварувано во F3A-прецизни акробации, 3D - free style и F5J-thermal duration глајдери.

Стефан Рашковиќ – Steffonator: Јутјубер, инстаграмџија, студент, познат по „90 секунди со...“

Тимот на Wingair - Аероклуб за летање со ултралесни авиони.

Ако ти треба инспирација, погледни каков спектакл направи победникот од 2015 година – Аведис Чамичијан од Либан:

Откако ќе се инспирираш, подобри ги твоите вештини и научи неколку трикови преку YouТube каналот TriKdanG што е посветен на правење и летање авиони од хартија:

Покрај наградата за првото место во категоријата Аеробатика (одење на светското финале во Салцбург), првите три места од оваа категорија добиваат бесплатен лет над Скопје со ултралесен авион (под покровителство на Wingair)

За сите подетални информации, посети ја веб страницата на Red Bull Paper Wings, како и нивните профили на Facebook и Instagram.

Пријави се и приклучи се на екипата финалисти што ќе се натпреварува во Салцбург!

*Промотивен текст

Коментирај